Ромб
Изглед
Ромб | |
---|---|
Ромб е паралелограм со 4 еднакви страни | |
Вид | Четириаголник |
Рабови и темиња | 4 |
Шлефлиев симбол | D2, C2 |
Плоштина | a·h |
Обем | 4a |
Својства | испакнат |
Во геометријата, ромб е паралелограм со четири исти страни, т.е. четирите страни се со истата должина, односно се складни.[1][2]
- Формално, ромб се дефинира како паралелограм со две соседни складни страни. (Бидејќи ромб е паралелограм, спротивни страни се складни. Ако и две соседни страни се складни, следува дека сите 4 страни се складни.)
- Основна регулатива: Ромб е потполно определен со должина на страна и големина на еден внатрешен агол. Исто така, ромб е потполно определен со должина на страна и висина (растојание помеѓу (било кои) две паралелни страни).
Формули и особини за ромб
[уреди | уреди извор]Нека е даден ромб со страна a и внатрешен остар агол α.
Периметар
Плоштина е:[3] должина по висина односно страна по висина
или |
Висина
- или
Карактеристики на ромб | |||
Сите страни се исти. | Дијагонали на ромб. | Дијагоналите меѓусебно се нормални. | Дијагоналите ги преполовуваат внатрешните агли. |
Ромб е делтоид. | Дијагоналите се преполовуваат. | Висина h на ромб. | Впишана кружница на ромб. |
- Бидејќи ромб е четириаголник, збирот на внатрешните агли е 360°.
- Бидејќи ромб е паралелограм, дијагоналите и средните линии се пресекуваат во една точка.
- Бидејќи ромб е паралелограм, дијагоналите се преполовуваат.
Дијагонали на ромб
[уреди | уреди извор]Дијагоналите на ромб се сечат под прав агол. |
Дијагоналите на ромб ги преполовуваат внатрешните агли (на ромбот). |
Доказ: Истовремено ќе ги докажеме двата искази. Бидејќи ромб е паралелограм, дијагоналите се преполовуваат поделувајќи го ромбот на 4 складни триаголници според принципот ССС (страна-страна-страна). Со тоа аглите на 4-те триаголници се складни од што следува: (а) дијагоналите ги преполовуваат внатрешните агли и (б) 4-те агли околу пресечната точка на дијагоналите се складни, т.е. се по 90°.
Дијагонали
- и (Види паралелограм.)
Карактеризации на ромб
[уреди | уреди извор]- Обратното важи, т.е. паралелограм е ромб ако било кој од следните искази е вистинит.[4]
- 4-те страни се складни.
- дијагоналите се сечат под прав агол.
- дијагоналите ги преполовуваат внатрешните агли.
Симетрија
[уреди | уреди извор]- Ромб има осна симетрија во однос на своите дијагонали, т.е. со ротација или свртување на ромб околу дијагонала се добива истиот ромб.
- Ромб има вртежна симетрија од 2-ри ред како паралелограм, т.е. ако ротираме ромб 360°/2=180° се добива истиот ромб.
Впишана и опишана кружница на ромб
[уреди | уреди извор]- Ромб е тангентен четириаголник, т.е. има впишана кружница таква да сите четири страни на ромбот се тангенти на кружницата.
- Доказ: Еден потребен и доволен услов за еден испакнат четириаголник да е тангентен четириаголник е да збирот на должините на двата парови спротивни страни е ист. Значи ромб е тангентен четириаголници.[5]
Формула: Полупречникот r на впишаната кружница е половина од висината h[6]
- Ромб нема опишана кружница освен ако е квадрат.
Ромб и делтоид
[уреди | уреди извор]- Секој ромб е и делтоид бидејќи има два пара складни соседни страни како што се бара за делтоид. Следува и од тука дека:
- Дијагоналите на ромб се сечат под прав агол.
- Ромб е тангентен четириаголник, т.е. има впишана кружница.
Обопштување на ромб
[уреди | уреди извор]- Обопштување во 3Д: Ромбоедар е полиедар со 6 страни, секоја од која е ромб.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ C.Clapham, J.Nicholson (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics“ (PDF) (англиски). Addison-Wesley. стр. 686. Посетено на 1 септември 2013.
- ↑ „Ромб“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
- ↑ Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 120.
- ↑ Kleyn, I. „Дијагонали на ромб се сечат под прав агол“ (англиски). algebra.com. Посетено на 1 септември 2013.
- ↑ Andreescu, Titu; Enescu, Bogdan (2006). Mathematical Olympiad Treasures. Birkhäuser. стр. 64–68. ISBN 978-0817682521..
- ↑ Kleyn, I. „Кружница впишана во ромб - повеќе методи“ (англиски). algebra.com. Посетено на 1 септември 2013.
Поврзани теми
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Стојановска, Л. (2010). „Ромб“. Архивирано од изворникот на 2013-09-16. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
- „Ромб“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
- „Плоштина на ромб“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
- „Периметар на ромб“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
- „Дијагонали на ромб“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
- Weisstein, Eric W. (2013). „Ромб“ (англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 септември 2013.
- R. Pierce (2011). „Ромб“ (англиски). MathisFun. Посетено на 1 септември 2013.
- „Полупречник на впишана кружница во ромб“ (англиски). Math Central. Посетено на 1 септември 2013.