Реј Бредбери
Реј Даглас Бредбери (англ. Ray Bradbury, 22 август 1920 – 5 јуни 2012) бил американски писател на научна фантастика[1].
Биографија
[уреди | уреди извор]Роден е на 22 август 1920 во Вокиган, Илиноис, САД. Во раните години неговото семејство често се преселувало, за во 1934 конечно да се населат во Лос Анџелес. Во семејството на Бредбери, повеќемина се занимавале со книгоиздателство, затоа не изненадува тоа што и самиот станал писател, покрај тоа што бил голем љубител на книжевноста. По средното образование не се решава да се запише на универзитет и заработува од продавање дневни весници. Образованието го продолжва во библиотеката, каде се вљубува во научно фантастичните дела и ликови, како Флеш Гордон и Бак Роџерс. Наскоро започнува да ги објавува и своите СФ раскази по списанија во раните 1940-ти. Неговата прва книга, збирката Темен карневал, ја објавува во 1947[2]. == Работел и на сценарија за филмови. Тоа се „Моби Дик“ (1956), режиран од Џон Хустон, и „Кралот на кралевите“ (1961), режиран од Николас Реј. Бредбери исто така пишувал и за првата сезона на Зона на самракот (1959).
Покрај веќе наведените дела, Бредбери има напишано и голем број на есеи и ракази. Пишувал и мјузикли, десетина романи и новели, збирки раскази, па и поезија. Веројатно најпознато дело му е Фаренхајт 451 – температурата на која хартијата гори, издадено во 1953 година, кое денес претставува класик на американската книжевност.
Бредбери бил и идеен советник за павилионот на САД на Светската изложба во Њујорк во 1963, а помагал и при создавањето и планирањето на туристичките патеки низ Дизниленд како консултант за урбано градежништво и брз транспорт.
Иако честопати бил означуван како неучнофантастичен писател, лично сметал дека од неговите дела само „Фаренхајт 451“ е научна фантастика, заснована на стварноста. За поголемиот број од останатите дела сметал дека се фантастика[3].
Дела
[уреди | уреди извор]- (1953) „Фаренхајт 451“
- (1957) „Вино од глуварчиња“
- (1962) „Нешто чудно не привлекува“
- (1972) „Дрвото на Вештерската ноќ“
- (1985) „Смртта е осамен бизнис“
- (1990) „Гробишта за лудаци“
- (1992) „Зелени сенки, бел кит“
- (1998) „Ахмед и заборавените машини“
- (2001) „Од прашина вратени“
- (2003) „Ајде сите да ја убиеме Констанс“
- (2003) „Дојдено од вселената“
Збирки раскази
[уреди | уреди извор]- (1947) „Темен карневал“
- (1950) „Марсовски хроники“
- (1951) „Илустрираниот човек“
- (1953) „Златните јаболка на сонцето“
- (1955) „Октомвриска земја“ (дополнето и прошитено издание на „Темниот карневал“)
- (1959) „Лекарство за меланхолија“
- (1960) „Р за ракета“
- (1969) „Го опевам електричното тело!“
- (1970) „В за вселена“
- (1980) „Приказни за Реј Брадбери
- (1988) „Тојнбискиот конвектор“
- (1996) „Побрзо од окото“
- (1998) „Возејќи на слепо“
- (2002) „Уште едено за по пат“
- (2003) „100 најпознати приказни“
- (2004) „Мачкините пиџами: приказни“
Покрај овие колекции многу раскази се издадени како Best of колекции.
Поезија
[уреди | уреди извор]- (1975) „Кога последните слонови процветаа во предворието“
- (1977) „Кога роботските глувци и роботските луѓе трчаат низ роботски градови“
Друго
[уреди | уреди извор]- (1992) „Зен во уметноста на пишувањето“
Занимливости
[уреди | уреди извор]- Интересно е дека Бредбери, кој пишувал за космички бродови и вселенски патувања, тој самиот никогаш не возел автомобил. Ваквото свое однесување го објаснувал со ужасната сообраќајна несреќа што ја видел уште како дете.
- Сè до својата 63 година не патувал ниту со авион.
Почести и награди
[уреди | уреди извор]За своите придонеси во филмската индустрија, Реј Бредбери добил ѕвезда на познатиот Холивудски булевар.
Еден астероид е именуван во негова чест - (9766) Bradbury, исто како и еден кратер на месечината што го добил називот според наслов на негов роман - "Dandelion Crater".
За своето творештво е добитник на „Светската награда за фантастика“, Стокеровата. Пулицеровата награда и други.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „"жанрот" го заменува "жанрот" во критичката терминологија со цел да го прошири опсегот на критичка дискусија за одредени видови литературни изрази. Во следнава врска што ја категоризира викторијанската литература, "жанрот" се користи за севкупните категории, како што се поезијата и нефикцијата, и „режим" се користи за одредени видови литературни видови, како што се реализмот и фантазијата. Преземено на 28 февруари 2021 г.“.
- ↑ „Ray Bradbury“. Архивирано од изворникот на 2021-01-25. Посетено на 2021-02-02.
- ↑ Ray Bradbury Biography(1920–2012)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Реј Бредбери - официјална страна (англиски)
- Реј Бредбери, „Лек против меланхолија“, Скопје, 1994.