Поменово
Поменово | |
Координати 41°30′54″N 21°39′28″E / 41.51500° СГШ; 21.65778° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29059 |
Поменово на општинската карта Атарот на Поменово во рамките на општината | |
Поменово на Ризницата |
Поменово — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Азот, оддалечено 34 километри југозападно од Велес и 25 километри јужно од општинскиот центар Чашка.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Поменово е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Завртеј на 300 м источно од селото.[2]
Во XIX век селото било дел од Велешката каза од Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поменово живееле 390 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Поменово имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, горното и долното маало имале по 100 Македонци, односно 200 жители.[5]
Селото е целосно иселено по 1981 година, кога броело само 4 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението в�� сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 390 | 360 | 161 | 169 | 120 | 23 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Поменово било македонско село.
Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле
- Староседелци: Ристевци (1 к.), Трајковци (1 к.), Стевановци (1 к.), Божиновци (1 к.), Василевци (1 к.), Николовци (1 к.), Петревци (1 к.) и Петревци (1 к.) сите ималз мал број на домаќинства поради иселување.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Димитрија“ од XVII век
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Завртеј — населба од римско време
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од ова село имало огромен број на иселеници. Првото помасовно иселување било по Првата светска војна. Второто помасовно иселување датира од 50-тите на 20 век. Населението воглавно се иселувало во Велес и Прилеп.
Се знае и за иселени родови по другите села. Како: Смиловци (Деспотовци, Северџиновци и Тамовци). Извор (Каревци). Оморани (Трпевци и Љамевци). Браилово (Аврамовци).[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 80. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118 - 120.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|