Прејди на содржината

Крајници (село)

Координати: 41°34′12″N 21°46′43″E / 41.57000° СГШ; 21.77861° ИГД / 41.57000; 21.77861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крајници
Крајници во рамките на Македонија
Крајници
Местоположба на Крајници во Македонија
Крајници на карта

Карта

Координати 41°34′12″N 21°46′43″E / 41.57000° СГШ; 21.77861° ИГД / 41.57000; 21.77861
Регион  Вардарски
Општина Чашка
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29032
Крајници на општинската карта

Атарот на Крајници во рамките на општината
Крајници на Ризницата

Крајници — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во централна Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948365—    
1953331−9.3%
1961270−18.4%
1971179−33.7%
198186−52.0%
ГодинаНас.±%
199141−52.3%
199423−43.9%
200216−30.4%
20210−100.0%

Во 2002 година во селото живееле 16 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 720 365 331 270 179 86 41 23 16 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Крајници е македонско село.

Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:

  • Староседелци: Бошковци (5 к.), Славевци (7 к.) и Јанкуловци (3 к.) порано живееле во раселеното село Бафтинци, кое се наоѓало во атарот на селото Крајници. Во родот Бошковци се знае следното родословие: Милјан (жив на 72 г. периодот 1966-67) Ристо-Недо-Манасија-Бошко-Мише-Костадин, кој дошол во Крајници средината на XVIII век.
  • Доселеници: Петревци (5 к.) доселени се од некое село во Дебарско, го знаат следното родословие: Борис (жив на 70 г. периодот 1966-67) Јован-Митре-Анѓеле-Петре, кој се доселил во селото; Шијаковци (8 к.) за нив се претпоставува дека се доселени од Шијак во Албанија; Карадоламци (1 к.) доселени се од раселеното село Припор, подалечно потекло од селото Црнилиште, Прилепско; Зајковци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Скачинци; Арсевци (1 к.) доселени се од селото Никодин, тиквешко/Прилепско; Егејци (2 к.) доселени се од воденско, од селото Горно Родиво.[7]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Иселувањето се одвива за време на индустријализацијата на Македонија во почетокот на седумдессетите години на дваесеттиот век.Претежно мештаните од крајници се иселувале во Велес. Крајници не важи за иселеничко место за надвор од Македонија а малиот број на иселеници се претечно во западна европа најчесто во Германија.

Целосно се иселени следните родови: Трендевци, Ризовци, Кочовци и Караџовци. За Караџовци се збори дека биле доселени од селото Магарево, Битолско. Други иселеници се: Богоевци, Костовци и Крајничани. Првите два рода се иселени во селото Црквино, додека третиот род е иселен во Подлес и Скопје.[7]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2238 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Крајници:

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  6. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 195. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]