Опал
Опал е хидратен аморфен облик на силициум диоксид. Учеството на вода во опалот се движи од 3 % до 21 %, но најчесто изнесува меѓу 6 % и 10 %. Поради неговиот аморфен облик, тој се класифицира како минералоид, за разлика од кристалните облици на силициумот кои се сметаат за минерали. Во природата, опалот може да се најде во кој и да било вид карпи, а најчесто се среќава заедно со лимонитот, песочникот и базалтот. Името „опал“ најверојатно е изведено од санскритскиот збор „упала“ (उपल) кој значи „накит“, а подоцна било изведено од грчкиот збор „опалиос“ (ὀπάλλιος) кој значи „да се види промена на бојата“.
Хемиски и физички својства
[уреди | уреди извор]Хемиската формула на опалот е: SiO2·nH2O.
Постојат два вида опал: скапоцен и обичен. Скапоцениот опал се одликува со прелевање на боите, додека оваа одлика не е присутна во обичниот опал.[1] Прелевањето на боите се дефинира како „псевдохроматски оптички ефект кој произлегува од обоената светлина од одредени минерали при што таа се претвора во бела светлина“.[2] Внатрешната структура на скапоцениот опал е причината за дефракцијата на светлината, што создава разиграни бои. Во зависност од условите во кои бил создаден, опалот може да биде проѕирен, непроѕирен и заматен, а позадинската боја може да биде бела, црна или речиси која и да било боја од видливиот спектар. Најретка форма е црниот опал, додека најчести се белиот, сивиот и зелениот опал.
Историја
[уреди | уреди извор]Низ историјата опалот бил многу ценет поради тоа што бил многу редок. До откривањето на големите наоѓалишта на опал во Австралија во 19 век, единственото познато наоѓалиште на опал било местото Червеница во Словачка.[3] Денес, опалот е национален симбол наАвстралија.[4]
Опалот како мотив во популарната култура
[уреди | уреди извор]- Опал — американска рок-група, основана во 1982 година.[5]
- Опал рекордс (англиски: Opal records) — музичка издавачка куќа, основана во 1987 година.[6]
- „Опал“ — музички албум на германската џез-рок група Ембрио (Embryo) од 1970 година.[7]
- „Опал“ — музички албум на американската фолк-група Риверхорс (Riverhorse) од 2015 година.[8]
- „Опал“ — музички албум на Винил Вилијамс (Vinyl Williams) од 2018 година.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Opal Description“. Gemological Institute of America. Посетено на 4 June 2018.
- ↑ „Glossary: Play of Color“. Mindat. Посетено на 4 June 2018.
- ↑ Finlay, Victoria. Jewels: A Secret History (Kindle Location 1871). Random House Publishing Group. Kindle Edition.
- ↑ „Australian National Gemstone“. Australian Government, Department of the Prime Minister and Cabinet. Посетено на 10 June 2018.
- ↑ Discogs, Opal (2) (пристапено на 8.7.2023)
- ↑ Opal Records (пристапено на 8.7.2023)
- ↑ Embryo (3) – Opal (пристапено на 8.7.2023)
- ↑ Riverhorse (3) – Opal (пристапено на 8.7.2023)
- ↑ Vinyl Williams – Opal (пристапено на 8.7.2023)