Нова пинакотека
Neue Pinakothek | |
Новата пинакотека отворена во 1981 | |
Основан | 1853 |
---|---|
Место | Минхен, Германија |
Координати | 48°8′59″N 11°34′16″E / 48.14972° СГШ; 11.57111° ИГД |
Тип | Ликовен музеј |
Мреж. место | pinakothek.de/en/ |
Нова пинакотека (германски: Neue Pinakothek) — уметничка галерија во Минхен, отворена во 1981 година, во која се изложени околу 400 слики и 50 скулптури од 18 и 19 век. Нова пинакотека се наоѓа спроти Старата пинакотека, каде што може да се видат дела на уметници од средниот век до крајот на 18 век. Третиот музеј Пинакотека на современата уметност ја комплетира уметничката област на Минхен, со дела на уметници од 20 и 21 век.
Историја
[уреди | уреди извор]Музејот го основал поранешниот баварски крал, Лудвиг I, во 1853 година. Првичнатаа зграда Нова пинакотека била изградена во 1846 година според проектот на Август фон Воит, но бил уништена во англоамериканското бомбардирање на градот во 1944 година.
Новата зграда ја проектирал Александер Фрајхер фон Бранка во постмодерен стил со бетонска конструкција и камена фасада, лачни прозорци, еркери и големи скали, а била завршена дури во 1981 година.
Збирка
[уреди | уреди извор]Збирката уште во 1809 година ја започнал Лудвиг I Баварски, одвојувајќи ја од збирката на стари мајстори, што ја сместил во Старата пинакотека. Така е создаден еден од првите „музеи на модерната уметност“, сосредоточен на уметноста создадена на преминот од 18 во 19 век, кој ќе стане модел за многу други музеи во Европа.
Покрај Лудвиговата збирка на романтичарски слики на Лудвиг, грчки предели и дела од минхенската школа, од 1905 година управникот Хуго фон Чуди купил важни дела од импресионизмот и постимпресионизмот.
Во 1915 година Новата пинакотека станала сопственост на Баварија, која ја проширила збирката со дела од неокласицизмот до арт-нуво. Автопортретот на Ван Гог во 1938 година бил означен како „изопачена уметност“ а нацистите ја конфискувале и ја продале една година подоцна.
Денес, Новата пинакотека има околу 3.000 дела. Во музејот се изложени делата на познати уметници како што се: Франциско Гоја, Жак-Луј Давид, Томас Гејнсборо, Бертел Торвалдсен, Вилијам Тарнер, Каспар Давид Фридрих, Ежен Делакроа, Макс Либерман, Пјер-Огист Реноар, Едуар Мане, Клод Моне, Пол Сезан, Пол Гоген, Камиј Писаро, Едгар Дега, Алфред Сисли, Жорж-Пјер Сера, Винсент ван Гог и Едвард Мунк.
Обнова
[уреди | уреди извор]Од јануари 2019 Новата пинакотека била затворена заради реновирање.[1] Првично, било планирано музејот да биде затворено најмалку до 2025 година.[2][3] Во јануари 2022 година овој рок е продолжен до 2029 година.[4][5]
Хронолошка галерија на избрани дела
[уреди | уреди извор]-
Жак-Луј Давид, Грофицата Ан-Мари-Луиз Телисон
-
Томас Гејнсборо, Госпоѓата Томас Хиберт
-
Фридрих Овербек, Италија и Германија
-
Ежен Делакроа, Клоринда ги спасува Олинда и Софрониј
-
Карл Шпицвег, Кутриот поет, 1839
-
Огист Роден, Човек со скршен нос, околу 1863
-
Оноре Домје, Дон Кихот и Санчо Панса, околу 1868
-
Едуар Мане,Појадок во студио, 1868
-
Клод Моне, Мост во Аржантеј
-
Пол Гоген, Рождество Христово, Te tamari no atua, 1896
-
Пол Сезан, Железнички раздел
-
Едвард Мунк, Жена во црвен фустан
-
Густав Климт, Портрет на Маргарет Стоунборо-Витгенштајн, 1905
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sanierung neue Pinakothek München“. sanierung-neue-pinakothek.de (германски). Staatliches Bauamt München. Архивирано од изворникот на 21 November 2021. Посетено на 6 April 2023.
- ↑ „Neue Pinakothek wegen Renovierung geschlossen | Ausstellungen in München“ (германски). 27 July 2019. Архивирано од изворникот на 23 September 2020.
- ↑ „Die Neue Pinakothek während der Sanierung“. München Online (германски). Dreistern Verlag GmbH. 30 August 2019. Посетено на 6 April 2023.
- ↑ Gerdom, Ilona (19 January 2022). „München: 41 Bäume fallen für Sanierung der Neuen Pinakothek“. Süddeutsche.de (германски). Süddeutsche Zeitung GmbH. Посетено на 6 April 2023.
Während es anfangs noch geheißen hatte, dass es bis 2025 dauern könnte, korrigiert Thiel-Lintner: Der Plan sei, zum Jahreswechsel 2027/28 "baulich fertig" zu sein. Wiedereröffnen könnten die Räume 2029.
- ↑ „FAQ“. sanierung-neue-pinakothek.de (германски). Посетено на 6 April 2023.
Wenn die Sanierung planmäßig durchgeführt werden kann, wird die Baumaßnahme nach derzeitigem Stand zum Jahreswechsel 2027 / 2028 baulich fertig gestellt. Im Anschluss folgt eine Einregulierungsphase der technischen Anlagen, sowie der Wiedereinzug der BStGS. Die Wiederöffnung der Neuen Pinakothek erfolgt voraussichtlich in der 2. Jahreshälfte 2029.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Нова пинакотека на Ризницата ?
- Official website (in English) (depending on your needs, former version, archived March 29, 2016, may be more useful)
- website (in German)
- Article about the Neue Pinakothek
- Lionel Gossman. “Making of a Romantic Icon: The Religious Context of Friedrich Overbeck’s ‘Italia und Germania.’” American Philosophical Society, 2007. ISBN 0-87169-975-3. [1]
|