Прејди на содржината

Национален парк Шар Планина (Косово)

Координати: 42°10′28″N 20°57′41″E / 42.17444° СГШ; 20.96139° ИГД / 42.17444; 20.96139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Шар Планина
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоОкруг Призрен
Најблизок градПризрен
Координати42°10′28″N 20°57′41″E / 42.17444° СГШ; 20.96139° ИГД / 42.17444; 20.96139
Површина53,272 хектари (532.72 км2)[1]
Воспоставен(а)13 декември 2012[2]
Управно телоМинистерство за животна средина

Националени парк Шар Планина (албански: Parku Kombëtar Malet e Sharrit; српски: Национални парк Шар-планина) ― национален парк во југозападно Косово. Зафаќа 53,272 хектари (532.72 км2), во средиштето на северна Шар Планина, планински венец кој исто така се протега во североисточна Албанија и северозападна Македонија. Тој бил прогласен за национален парк во 1986 година, а повторно воспоставен во 2012 година од страна на новата косовска влада. Паркот опфаќа различни терени, вклучувајќи глацијални езера, алпски и периглацијални пејзажи.

Географија

[уреди | уреди извор]

Националниот парк Шар Планина има алпска клима, со одредено континентално влијание.[3][4] Просечната месечна температура се движи помеѓу −1.3 °C (29.7 °F) (во јануари) и 20 °C (68 °F) (во јули), додека просечните годишни врнежи се движат помеѓу 600 мм и 1,200 мм во зависност од висината.[4]

Биоразновидност

[уреди | уреди извор]

Флората на паркот е претставена со 1558 видови васкуларни растенија.[5] Фауната опфаќа 32 видови цицачи, 200 видови птици, 13 видови влекачи, 10 видови водоземци, 7 видови риби и 147 видови пеперутки.[5]

Во однос на фитогеографијата, Националниот парк Шар Планина припаѓа на илирскиот дел на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Целосно спаѓа во копнениот екорегион на балкански мешани шуми на биомот на умерените широколисни и мешани шуми на Палеарктикот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Parku Kombëtar "Bjeshkët e Nemuna" (PDF) (албански). Kosova Environmental Protection Agency (KEPA). стр. 8. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 October 2017. Посетено на 15 November 2020.
  2. „Për Parkun Kombëtar "Sharri" (PDF) (албански). Kosova Environmental Protection Agency (KEPA). Архивирано од изворникот (PDF) на 18 October 2020. Посетено на 15 November 2020.
  3. „PARKU KOMBËTAR "SHARRI" (PDF). mmph-rks.org (албански). стр. 18.
  4. 4,0 4,1 „Parku Kombëtar Sharri“ (PDF). mmph-rks.org (албански). стр. 15–16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-10-31. Посетено на 2023-12-24.
  5. 5,0 5,1 „Parku Kombëtar Sharri“ (PDF). mmph-rks.org (албански). стр. 15–16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-10-31. Посетено на 2023-12-24.