Призрен
Призрен | |
---|---|
Општина и град | |
Prizren Prizren / Prizreni | |
Призрен 2014 | |
Локација во Косово | |
Координати: 42°13′N 20°44′E / 42.217° СГШ; 20.733° ИГД | |
Држава | Република Косово |
Округ | Призрен |
Површина | |
• Општина и град | 629 км2 (243 ми2) |
• Градска | 22,390 км2 (8,640 ми2) |
Надм. вис. | 403 м |
Население (2011) | |
• Општина и град | 182,915 |
• Густина | 295,70/км2 (76,600/ми2) |
• Градскo | 85,119 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Поштенски број | 20000 |
Повик. бр. | +381 29 |
Таблици | 04 |
Мреж. место | Municipality of Prizren |
Призрен (албански: Prizreni, српски: Prizren / Призрен) — град на северните падини на Шар Планина, близу границата со Албанија и Македонија. Тој е центар на истоимената општина и Призренскиот Округ.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на јужниот дел на Метохија, во Призренската котл��на. Таа, заедно со Љубижданското поле сочинуваат посебен шарско-пиндски регион, заобиколен од ридот Цвилен (1381 м) и планините Ошљак (2212 м), Паштрик (1978 м), Коритник (2395 м) и Шара. Надморската висина се изменува од 412 до 500 метри. Низ градот тече реката Призренска Бистрица, која го дели на два дела. Таа извира од Шара, а се влева во Бел Дрим. Подрачјето е релативно земјотресно, така што меѓу 1900 година и 1936 година се регистрирани 136 земјатреси.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата е умерено - континентална со влијание на подсредоземна. На повисоките предели се чувствува влијанието на Шара, а во пониските на Јадранот. Просечните темпратури за месец јануари се од +0,5 °C до -0,5 °C. Летото е жешко и за месец јули просечните температури се од +21,5 °C до 22,8 °C. Сончевото греење годишно изнесува 2 150 часови.
Население и демографија
[уреди | уреди извор]Во XVII век најмалку 20 000 православни лица се иселиле, бегајќи од турските војски, кои го зазеле градот. Тогаш во градот почнуваат да се населуваат Албанци, коишто доаѓале од југозапад, односно Северна Албанија.
Во 1838 година Австриецот Јозеф Мулер го проценува населението на Призрен и неговата околина на околу 24.950 Срби (христијани и муслимани) или 73,68%, а Албанците (католици и муслимани) се 16,63%.
На крајот на XIX век во градот и околината живееле околу 60 000 лица, од кои 11 000 христијани и 30 000 муслимани Срби. Останатите биле Турци, Албанци, Цинцари и Роми.
Во последните години демографската ситуација е значајно променета:
Година | Албанци | % | Бошњаци | % | Срби | % | Турци | % | Роми | % | останати | % | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1991 | 132,591 | 75.6 | 19,423 | 11.1 | 10,950 | 6.2 | 7,227 | 4.1 | 3,96 3 | 2.3 | 1,259 | 0.7 | 175,413 |
1998 | нп | нп | 38,500 | нп | 8,839 | нп | 12,250 | нп | 4,500 | нп | нп | нп | нп |
Јануари 2000 | 181,531 | 76.9 | 37,500 | 15.9 | 258 | 0.1 | 12,250 | 5.2 | 4,500 | 1.9 | нп | нп | 236,000 |
Март 2001 | 181,748 | 81.9 | 22,000 | 9.9 | 252 | 0.1 | 12,250 | 5.5 | 5,424 | 2.4 | нп | нп | 221,674 |
Мај 2002 | 182,000 | 79.6 | 29,369 | 12.8 | 197 | 0.09 | 11,965 | 5.2 | 4,400 | 1.9 | 550 | 0.25 | 228,481 |
Декември 2002 | 180,176 | 68.4 | 0.0 | 0.0 | 0 | 0.0 | 41,198 | 31.6 | 0 | 0.0 | нп | нп | 221,374 |
Историја
[уреди | уреди извор]За првпат Призрен се спомнува во 1019 година како Приздријана (Призрѣнь) во грамота на царот Василиј II Македонецот.
Византиски период
[уреди | уреди извор]Во времето на Византија, Призрен бил значајно регионално седиште и во тоа време во него биле изградени тврдините Дрвенград и Вишеград, познат како призренски Горен град. Во него било седиштето на Византиската епископијa. Со Повелбата на царот Василиј од 1019 година, на Охридската архепископија ѝ се подарува Призренската епископија и ова е прв пишан документ во кој се споменува Призрен, тогаш под името Приздријана.
Во времето на византиската власт над Призрен, во него е подигнато востание против царот Михајо VII и на седницата која била одржана во 1072, учесниците на востанието , властелините и скопските бољари го прогласиле кнезот Бодин за владател и го крунисале за бугарски цар. Востанието за кратко време било крваво угушено.
Средновековен период
[уреди | уреди извор]Османски период
[уреди | уреди извор]Балкански војни и Прва светска војна
[уреди | уреди извор]Меѓу двете светски војни
[уреди | уреди извор]Втора светска војна
[уреди | уреди извор]Мартовски настани 2004
[уреди | уреди извор]Споменици
[уреди | уреди извор]Тврдини
[уреди | уреди извор]Во Призен и неговата околина постојат неколку тврдини. Сите тие се со словенски имиња, иако повеќето се градени пред доаѓането на Словените.
- Калаја – византиска тврдина, која се наоѓа надвор од градот. Подигната е во единаесеттиот век. Во наредните векови повеќепати е обновувата и доградувана за време на српскиот цар Стефан Душан и османлиската власт.
- Вишеград – наоѓа се блозу крај Призрен. Подигната е за време на Стефан Душан за заштита на патот и манастирот Свети Архангели, подигнат крај клисурата.
- Остатоци Дрвенград – тврдина на патот од Средечка жупа за Призрен, која била разурната од Турците. Според народните преданија била дрвена од каде е и името. Но тоа не еточно, бидејќи и денес постојат остатоци од камени ѕидини.
Цркви и манастири
[уреди | уреди извор]- Богородица Љевишка – оваа црква е подигната за време на царот Стефан Урош II Милутин врз остатоци од црква од дванаесеттиот век. За време на турската власт е претворена во џамија, а по враќанетона градот во Србија е наново рестатуирана.
- Манастир Свети Архангели – наоѓа се на 3 км од Призрен. Таму бил погребан царот Стефан Душан. Манастирот е уништен од Турците, а неговите остатоци се користени за изградба на џамијата на Синан паша.
- Црква Свети Спас – наоѓа се на брдо над Призрен.
- Црква Свети Никола – наоѓа се во самиот центар на Призрен. Изградена е во 1331 година.
- Црква Света Недела – наоѓа се кај тврдината Калаја. Во неа е погребан Крале Марко во 1371. година.
- Црква Света Богородица – католичка црква, изградена на местото на црквата Свети Димитар.
- Саборна Црква Свети Ѓорѓи – наоѓа се во центарот на Призрен и е подигната во 1887 година.
- Црква Свети Врач и Свети Тома се цркви изградени во деветнаесеттиот век во населбата Поткалаја.
Џамии
[уреди | уреди извор]За време на петвековното турско владеење Призрен е бил важен исламски центар во кој се подигнати бројни џамии, теќета, турбиња и медресета. Во еден период во градот имало 23 џамии, 15 турбета, 21 училишта, 4 медресета и 4 месеџида. Во нив се препишувале арапски, персиски и турски дела со литературна и научна содржина. Најзначајни џамии се:
- Бајракли (Мехмед-пашова) џамија – изградена во 1549 г. од Гази Мехмед Паша.
- Синан пашова џамија – изградена во 1615 година во центарот на Призрен. Нејзина особена црта се високите и завиткани минариња.
Хамам
[уреди | уреди извор]Хамам или Турска бања, е подигнат кога е градена и Бајракли џамија. Еден од најголемите во Србија, тој е поделен на машки и женски соби.
Камен мост
[уреди | уреди извор]Еден од симболите на Призрен - Камениот мост е изграден заедно со Синан пашовата џамија. За време на поплавите во 1980 година е оштетен, а потоа обновен.
Богословско училиште
[уреди | уреди извор]Архитектура
[уреди | уреди извор]Познати личности
[уреди | уреди извор]- Чолак Анта Симеоновиќ српски војвода
- Сима Андрејевиќ Игуманов (1804-1882)
- Петар Богдани (Pjetër Bogdani) (1630-1689), прв албански книжевник
- Јован Грковиќ Гапон (1879-1912), православен монах
- Ивица Дачиќ (*1966), политичар, претседател на СПС
- Екрем Реџа (Ekrem Rexha) (1961-2000), командант на ОВК
- Звонко Тилиќ (*1953), сликар
- Али Хајдар Шен (Ali Haydar Şen) (*1939), турски новинар
- Крист Штуфи (Krist Shtufi) (*1974), филозоф
- Прота Ѓорђе Камперелиќ, трети Ректор на призренското богословско училиште (1880-1882)
- Петар Костиќ, српски книжевник и четврти Ректор на призренското богословско училиште (1882-1889)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Михајло Чемерикић, Призрен и околина 1019-1941, Прво слово, Београд, 2003. (ISBN 86-7620-002-5)
- Мирјана Детелић, Градови у хришћанској и муслиманској епици, Београд, 2004. (ISBN 86-7179-039-8)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Презентација на општината на англиски Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Епархија рашко-призренска и косовско-метохиска Архивирано на 16 април 2009 г.
- Епархија рашко-призренска и косовско-метохиска – текст за Призрен
- Православна епархија рашко-призренска Архивирано на 3 мај 2012 г.
- Призрен- Фонд Благо
- Презентација на Призренскиот универзитет на албански Архивирано на 25 април 2012 г.