Прејди на содржината

Мусаџали

Координати: 41°13′N 23°28′E / 41.217°N 23.467°E / 41.217; 23.467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мусаџали
Αετοφωλιά
Рушевините на некогашното село
Рушевините на некогашното село
Мусаџали is located in Грција
Мусаџали
Мусаџали
Местоположба во областа
Мусаџали во рамките на Синтика (општина)
Мусаџали
Местоположба на Мусаџали во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°13′N 23°28′E / 41.217°N 23.467°E / 41.217; 23.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&10000000000000760000000760 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мусаџали или Муса Чали (грчки: Αετοφωλιά, Аетофилија; до 1926 г. Μουσατζιαλή, Мусаѕијали[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во југозападните разгранки на планината Шарлија, на 7 км југоисточно од градот Валовишта, на надморска височина од 760 м.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Мусаџали било турско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Муса Чали имало 200 Турци.[2]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 222 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 131 лице.[1]

Во 1927 година, името на селото било променето во Аетофолија (Αετοφωλιά), во превод „орлово гнездо“.[1]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на нивно место се населиле 13 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 г. Поради немање поволни услови за живеење, доселеното население се иселило и населбата била избришана од евиденција во 1940 г.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 202–203.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 186. ISBN 954430424X.