Ложишта
Ложишта Μεσόλοφος | |
---|---|
Координати: 41°11.24′N 23°5.9′E / 41.18733° СГШ; 23.0983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ложишта или Ложиште (грчки: Μεσόλοφος, Месолофос; до 1927 г. Λοζίστα, Лозиста[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Турци.[2]
Географиja
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на десниот брег на Бутковското Езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Од името на селото се гледа дека тоа некогаш било македонско.
Во XIX век Ложишта било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ложица (Lojitsa) било село со 62 домаќинства сочинети од 148 жители муслимани.[3]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Ложишта, село крај Круша Планина на растојание 6 часа на ЈЗ од Порој. Дава добар тутун. 80 куќи турски и 30 ромски.[4] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ложиште живееле 400 Турци.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војната, таа година Ложишта имало само 63 жители, но во 1920 г. населението пораснало на 169 лица.[2] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово място се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е претставено како наполно дојденско со 121 лице (39 семејства).[6]
Во 1940 г. во Ложишта живееле 148 жители. Настрадало во Втората светска и Граѓанската војна, и повеќе не било обновено.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 200. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 850.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
|