Мишевска Воденица (Немањици)
„Мишевска Воденица“
| |
Езерото Мавровица каде што е потопено наоѓалиштето | |
Местоположба | 41°55′3.15″N 21°58′52.97″E / 41.9175417° СГШ; 21.9813806° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Немањици |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Мишевска Воденица — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува вила рустика од античкоримско време.
Местоположба и наоди
[уреди | уреди извор]Се наоѓа на 2,1 км северозападно од селото, на десниот брег на Орелска Река и југозападно од наоѓалиштето Јокуш. Лежи на голема речна тераса, под патот за селото Орел, која на источната страна е заштитена со венец од благи ритчиња. Во 1981 година, при изградбата на браната од хидросистемот Мавровица било извршено заштитно ископување од страна на Археолошкиот музеј и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Во нивата на Б. Гигов и во соседните ниви биле откриени повеќе темели од градба ѕидана од кршен камен и варов малтер. Со оглед на бројот на просториите, се смета дека се работи за голема вила рустика, во која имало бања со префурниум и тепидарум, со под подигнат врз суспензури и столпчиња, просторија за гмечење на грозје и други наменски простории. Источн��от крај на вилата бил однесен од поројните води на реката.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Алин Дол — населба од неолитското и римското време;
- Ветрен — некропола од железното време;
- Вреж — населба од неолитското време;
- Градиште — утврдена населба од железното време;
- Дабица — населба и некропола од римското време;
- Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време;
- Јокуш — некропола од римското време;
- Старо Село — населба и некропола од средниот век;
- Црквиште — населба и некропола од римското време;
- Немањици;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мишевска Воденица (Немањици)“ на Ризницата ? |
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |