Малина
Малина | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Ред: | -{Rosales}- |
Семејство: | -{Rosaceae}- |
Род: | -{Rubus (малини и капини)}- |
Вид: | малина |
Научен назив | |
-{Rubus idaeus}- Linneus | |
Синоними | |
Cerasus avium |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 220 kJ (53 kcal) |
11,94 g | |
Шеќери | 4,42 g |
Влакна | 6,5 g |
0.65 g | |
1,2 g | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (3 %) 0,032 мг |
Рибофлавин (Б2) | (3 %) 0,038 мг |
Ниацин (Б3) | (4 %) 0,598 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (7 %) 0,329 мг |
Витамин Б6 | (4 %) 0,055 мг |
Фолна кис. (Б9) | (5 %) 21 μг |
Холин | (3 %) 12,3 мг |
Витамин Ц | (32 %) 26,2 мг |
Витамин Е | (6 %) 0,87 мг |
Витамин К | (7 %) 7,8 мг |
Минерали | |
Калциум | (3 %) 25 мг |
Железо | (5 %) 0,69 мг |
Магнезиум | (6 %) 22 мг |
Манган | (32 %) 0,67 мг |
Фосфор | (4 %) 29 мг |
Калиум | (3 %) 151 мг |
Цинк | (4 %) 0,42 мг |
Други состојки | |
Вода | 85,8 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Малина — долгогодишна листопадна билка, со грмушест или полугрмушест раст, со повеќегодишен корен и со едногодишни и двогодешни изданоци кои припаѓаат на семејството рози (Rosaceae), родот Rubus и има повеќе подродови.
Диви врсти и распространетост
[уреди | уреди извор]Подврстата Idaeobatus е распространета во целиот свет и опфаќа околу 195 видови на малини. Во овој најголем подвид најважни се:
- Црвена малина (Rubus idaeus)
- Црна американска (купинолика) малина (Rubus occidentalis)
- Пурпурна малина (Rubus neglectus)
Црвена малина опфаќа две подврсти:
- Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.)
- Американска црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.)
Малината се распростира во Азија, Северна Америка и Јужна Америка, Европа, јужниот дел на Африка и Австралија. Најмногу видови на малина потекнуваат од Азија а најмалку од Европа.
Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.) е жбун кој расте во цела Европа и северозападниот дел на Азија каде што неговте гранки се воглавно трновити, а на кои се наоѓаат непарни листови со 3 или 5 листа, во вид на јајцест облик. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека толчникот е поголем од прашникот или еднакви со него. Плодот е темноцрвен со издолжен или топчест облик, кој претставува збир од 20 до 150 ситни плодови. Во Европа е воведено да се одгледува со култивирање во почетокот на 17-от век. Во Македонија, Србија и балканскиот регион, оваа дива малина може обично да се најде на ридовите, буковите и други видови шума, во близина на потоците и реките, на надморска висина од 600 до 1200 метри. Малината како билка бара доста светлина и влага[1]. Американската црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.) најмногу е распространета во северниот и средиот дел на Северна Америка и во источниот дел на Азија. Плодовите на оваа малина се светлоцрвени и полуокруглести, а билките имаат бројни жлездани влакна. За разлика од дивата европска, оваа е потпорна на ниските температури.
Црната американска малина (Rubus occidentalis) најмногу е распространета во Севера Америка, и тоа во јужниот дел на Канада и северниот и средниот дел на САД. Црната малина е повеќегодишен буен жбун чии трновити гранчиња рачно се виткаат и го оживуваат врвот. Едногодишните гранки се зеленкасти или виолоетови, со непарен број на листови 3 или 5. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека тучковите се пониски од прашникот или еднакви со него. Плодот е цврст, црн и полуокруглест кој има збир од 40 до 80 ситни полодови. Пурпурната малина (Rubus neglectus) распространета е најмногу во Северна Америка и типичен е природен хибрид помеѓу американските црвени малини и американските црни малини. Гранчињата личат на американска црна малина, која се витка и со тоа го оживува врвот, а плодот е темноцрвен, пурпурен.
Хранливи вредности на малината
[уреди | уреди извор]Благите сочни малини се летен деликатес во северните региони со умерена клима. Освен плодот на малината кој се користи за џем, мармалад сокови, вино и колачи, листот на малината може да се користи за чај. Овој чај помога за намалување на крвниот притисок, а помага и кај парадентозата. Витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди, сето тоа го содржат малините и капините, кои освен што се вкусни, во својот состав има благотворно дејство при многу здравствени проблеми[1]. Исто така содржат биофлафоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на силни радикали. Ја зголемуваат апсорбацијата на витамнин Ц и помагаат во зачувување на колагенот.
Употреба
[уреди | уреди извор]Плодовите од малината се слаткокисели, многу вкусни, ароматични и лесно варливи. Малината е десертно овошје, а плодовите можат да се користат како свежи и замрзнати, како и за обработка на: сок, сируп, вино, природен ликер, компот, слатко, џем, мармалад, сладолед, кандирано овошје, малина во прав и друго. Листот практично се користи само во народната медицина, медицина за испирање на усните кај воспаление на нејзините слузокожи, кај воспалување на грлото и против дијареата. Влегува во состав на многобројни мешавини за лечење на заболени кардио-васкуларни болести, желудникот и цревниот систем, менструални и хормонски пореметувања и авитаминоза. Исто така влегува во состав на мешавина за ткн. пролетно чистење на крвта. Листот од малината може да замени некој чаеви, како што се индиски, грузиски и руски.
Во многуте земји плодот се користи во научната медицина како средство за исфрлање на течностите, кај дијарејата и дермитат. Екстрактот од плодот делува против вирусот. Покрај тоа тој го активира панкреасот на лачање на инсулин па со тоа го намалува шеќерот во крвта. Се користи и во прехранбената индустрија.
Во последно време се истражува делувањето на малината во злоќудните заболувања. Востановено е дека елагинската киселина, која ја има многу во малината, спречува размножување на ќелиите рак. Превентивно дејство има и плодот и чајот од листот на малината (и другите јајцести овошја: јагода, капина и др.). Во терапијата на злоќудните заболувања малините не се лек и не можат да го заменат, но се добра заштита од тие болести.
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Капина – лек за крвта, храна за телото!“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2017-09-07. Посетено на 2017-09-08.
Литература
[уреди | уреди извор]- Др Станиша А. Пауновић, др Петар Д. Мишић и др Асен С. Станчевић:„Јагодасто воће“, НОЛИТ - Београд, 1974.
- Др Александар Шошкић: „Малина“, НОЛИТ - Београд, 1995.
- Гостушки, Р: Лечење лековитим биљем, Народна књига, Београд, 1979.
- Грлић, Љ: Енциклопедија самониклог јестивог биља, Аугуст Цесарец, Загреб, 1986.
- Дјук, А, Џ: Зелена апотека, Политика, Београд, 2005.
- Јанчић, Р: Лековите биљке са кључем за одређивање, Научна књига, Београд, 1990.
- Јанчић, Р: Ботаника фармацеутика, Службени лист СЦГ, Београд, 2004.
- Јанчић, Р: Сто наших најпознатијих лековитих биљака, Научна књига, Београд, 1988.
- Којић, М, Стаменковић, В, Јовановић, Д: Лековите биљке југоистичне Србије, ЗУНС, Београд 1998.
- Лакушић, Д: Водич кроз флору националног парка Копаоник, ЈП Национални парк Копаоник, Копаоник, 1995.
- Марин, П, Татић, Б: Етимолошки речник, ННК Интернационал, Београд, 2004.
- Миндел, Е: Витаминска библија, ФаМилет, 1997.
- Мишић Љ, Лакушић Р: Ливадске биљке, ЗУНС Сарајево, ЗУНС Београд, ИП Свјетлост, 1990
- Стаменковић, Во: Наше нешкодљиве лековите биљке, Тренд, Лесковац
- Туцаков, Ј: Лечење биљем, Рад, Београд, 1984.