Прејди на содржината

Луојанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Храмот на Белиот Коњ
Градска улица

Луојанг (кинески: 洛陽, пинјин: Luòyáng) — град во покраината Хенан, Западна Кина. Се наоѓа на север од реката Луо, по која го добива своето име, на 110 км од покраинскиот главниот град, Џенгџоу.

Подрачјето на градот опфаќа површина од 15.492 км2 и брои 6.383.900 жители.

Луојанг е еден од најстарите кинески градови, и еден од четирите традиционални престолнини.

Во книгата „Џоу ли“ (III век п.н.е.) се дознаваме дека Луојанг уште во XI век п.н.е. (кога бил престолнина на Кина) имал јасно определени урбанистички стандарди. Градот бил планиран во квадратен облик, со девет надолжни и девет напречни улици кои го делеле градот на четврти, а во самиот центар се наоѓал дворецот на владетелот.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Хенан-гео-никулец