Прејди на содржината

Константин II (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин II
Κωνσταντίνος Β΄ της Ελλάδας
Константин II во 1987 г.
Крал на Грција
На престол6 март 1964 – 1 јуни 1973
(&100000000000000090000009 години и &1000000000000008700000087 дена)
ПретходникПавлe I
Роден(а)2 јуни 1940
Починал(а)10 јануари 2023
СопружникАна Марија
ДецаАлексија
Павле
Никола
Принцеза Теодора
Филип
ДинастијаГликсбурговци
ТаткоПавле I
МајкаФредерика Хановер
ВероисповедГрчка православна црква

Константин II (грчки: Κωνσταντίνος Β΄ της Ελλάδας; 2 јуни 1940 - 10 јануари 2023) — крал на Грција во периодот од 6 март 1964 до 1973 година.

Тој бил син на Павле I и Фредерика Хановер[1]. Негова постара сестра е моменталната кралица на Шпанија, Софија. Неговата помлада сестра, Принцеза Ирена Грчка е немажена. Тој бил една година кога нацистичка Германија извршила инвазија врз Грција. Константин следните четири години го поминал во егзил во Египет и Кејптаун, (кајшто е родена неговата сестра Ирена), заедно со своето семејство. Тој се вратил во Грција со своето семејство во 1946 година. Кралот Јоргос починал во 1947 година, и неговиот брат Павле станал крал, правејќи го принц на Константин.

Завршил воено училиште во Атина. Се оженил за Ана Марија Данска. Под влијанието на својата мајка, влегол во конфликт со Јоргос Папандреу , и го принудил да подаде оставка на функцијата премиер на Грција во 1965 година. Политичката криза во земјата довела до воен преврат во 1967 година. Истата година, Константин направил неуспешен обид за заземање на власта, па така бил принуден да ја напушти земјата. Но, во 1973 година, од страна на хунтата бил спроведен референдум, кој му дозволил на кралот да се врати во земјата. По паѓањето на хунтата од власт во 1974 година, во земјата бил спроведен нов референдум и со резултата од 67,5% било потврдено решението на народот да земјата биде претседателска република. По ова, Константин II живеел во Лондон.

  1. Monarchs In Waiting, pp.39-40