Прејди на содржината

Кевин Нолан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англија Кевин Нолан
Лични податоци
Роден на 24 јуни 1982(1982-06-24)(42 г.)
Роден во Ливерпул, Англија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Младинска кариера
Болтон Болтон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2009 Болтон Болтон 296 (40)
2009-2011 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 85 (29)
2011–2015 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 141 (30)
2016– Лејтон Ориент Лејтон Ориент 14 (0)
Репрезентација
2002-2004 Англија Англија 21 2 (0)
Раководител на екипите
2016- Лејтон Ориент Лејтон Ориент (менаџер-играч)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Кевин Ентони Нолан (роден на 24 јуни 1982) — англиски професионален фудбалер кој настапува за и е моментален капитен на Вест Хем Јунајтед во Премиер лигата. Како офанзивен играч од средниот ред, тој ја има настапувано за Англија во репрезентацијата под 21 година.

Откако пораснал во Токстет, Ливерпул, Нолан потпишал за Болтон на возраст од 16 години. Тој бил дел од тимот што го победил Престон Норт Енд во финалето на плеј-офот на Чемпионшип лигата 2001 година за да се здобие со промоција во Премиер лигата за наредната сезона. Тој наскоро потоа станал редовен стартер во првиот тим на клубот. Нолан постигнал за победи на Болтон над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во двата натпревари од неговите први две сезони во елитната дивизија на англискиот фудбал, како и ред други важни голови со кој му помогнал на Болтон редовно да завршува во горната половина на табелата во Премиер лигата. Нолан исто така бил редовен учесник во почетната постава на клубот кога Болтон се квалификувале за настап во Купот на УЕФА за првпат во историјата на клубот каде што стигнале до нокаут фаза. По заминувањето на Џеј-Џеј Окоча во 2006 година, Нолан бил назначен за капитен на тимот, и тој ги предводел Вондерерс до уште една кампања во Купот на УЕФА и уште еден прогрес до нокаут рундата во оваа конкуренција.

По доаѓањето на Гери Мегсон како менаџер на Болтон, настапите на тимот и настапите на Нолан наишле на голем број критики од страна на дел од навивачите на клубот. Ова резултирало со заминување на Нолан од и тој за сума од 4.000.000 £ направил трансфер во редовите на Њукасл Јунајтед во јануари 2009 година. Тој бил дел од тимот кој завршил неславно-со испаѓање во Чемпионшип лигата на крајот на сезоната, иако Нолан направил десет настапи тимот завршил на 18 позиција. Настапите на Нолан во следната сезона пак биле широко пофалени, кога тој постигнал 18 голови, вклучувајќи го и неговиот прв хет-трик во неговата кариера, за да му помогне на клубот да избори промоција назад во Премиер лигата како шампиони во дивизијата. По промоцијата, Нолан бил промовиран во капитен на клубот.

Во летото на 2011 година Нолан му се приклучил на Вест Хем Јунајтед на пет-годишен договор, приклучувајќи му се повторно на стариот менаџер, Сем Алардајс. Тој бил назначен за капитен веднаш по неговото пристигнување и го предводел клубот до инстант враќање во Премиер лигата.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден на 24 јуни 1982 година во Ливерпул, Мерсисајд, Нолан бил донесен од страна на фудбалското семејство во Токстет, и сакал да биде фудбалер од рана возраст. Тој присуствувал во Ливерпул Blue Coat School и на возраст од 14, тој играл за градот на првенството за ученици во Ливерпул. Како дете, тој бил навивач на Селтик и Ливерпул, иако сосем обратно, негови омилени играчи биле Ерик Кантона и Ли Шарп од Манчестер Јунајтед. Нолан се верил во 2005 година, и се оженил со неговата свршеница Хејли во текот на летото на 2008 година. Двојката го имала своето прво дете, ќерка, во ноември 2006 година. Нивното второ дете, е син, роден во јануари 2010 година.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]
Нолан во Болтон

Нолан бил поканет во на тренинг сесија во младинскиот тим на Болтон од еден пријател, и наскоро бил потпишан од страна на клубот. На возраст од 16, тој потпишал година-до-година договор, кој се совпаднал со отворањето на академијата во Болтон. Една година подоцна, тој потпишал професионален договор и го направи своето дебил за првиот тим. Тој го одиграл целиот натпревар, за Болтон кога овие го совладале Престон Норт Енд во плејофот на Првата дивизија, освојувајќи промоција за Премиер лигата.

Во сезоната 2001-02, неговата прва во Премиер лигата, Нолан постигнал осум лигашки голови, вклучувајќи ги оние два против Лестер Сити на денот на отворањето на сезона. Тој, исто така, го постигнал првиот гол за Болтон во нивната победа над Манчестер Јунајтед со 2-1 на Олд Трафорд. Наредната сезона, тој постигнал погодок на Олд Трафорд повторно; единствениот погодок на Нолан во сезоната бил победничкиот на Олд Трафорд во натпреварот во кој Болтон издвојувал уште една шокантна победа на т��ренот на Јунајтед, овој пат со 1-0. Менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон бил приморан на некој начин да ги скаутира квалитетите на Нолан. И покрај тие одлични победи на почетокот на сезоната, клубот успеал само да се спаси од испаѓање од Премиер лигата и тоа победувајќи го Мидлзборо во последниот ден од сезоната.

Во сезоната 2003-04, головите на Нолан против Астон Вила и Тотенхем му помогнале на Болтон да заврши на осмото место во лигата. Тој, исто така, постигнал погодок и кога неговиот клубот ја победил Вила со 5-2 во полуфиналето на Лига купот, и беше дел од тимот кој бил поразен со 2-1 од страна на Мидлзборо во финалето на истото натпреварување. И покрај овој пораз, головите на Нолан-вкупно 12 во сите натпреварувања, што беа негов личен рекорд во една сезона досега во кариерата, беа од голема важност за Болтон да стигне до највисоката позиција во Премиер лига по повеќе од четириесет години.

Следната сезона, Нолан бил дел од тимот кој стигнал до четврт-финалето на ФА Купот, каде биле поразени од Арсенал на Reebok Stadium. Болтон, исто така, напредувале во лигата, со нерешен резултат 1-1 против Портсмут во финалниот натпревар од сезоната, и четирите лигашки голови на Нолан, клубот обезбедил место во квалификациите за Купот на УЕФА за првпат во нивната историја. Болтон стигнал до последните 32 фазата од Купот на УЕФА следната сезона, а погодокот на Нолан во првиот круг во поразот од Локомотив Пловдив му бил доволен на клубот да стигне до фазата по групи. Тој го постигнал победничкиот погодок против Зенит Санкт Петербург во победата со 1-0 во групната фаза, постигнал уште девет голови во лигата каде Болтон завршил осми, и за малку ги пропуштил Европските квалификации.

Во сезоната 2006-07 Нолан ја презема клупскат капитенска лента од порано заминатиот дотогашен капитен Џеј-Џеј Окоча, кој заминал да игра во Катар. Неговите три лигашки голови му помогнале на Болтон повторно да се квалификува за Купот на УЕФА. Долгиот аут на Нолан донел погодок за тимот, со кој Болтон успеал да избегне пораз и да израмни на 2-2 на гостувањето против германскиот шампион Баерн Минхен, кој доминирал во текот на натпреварот. И покрај тоа што клубот изборил место во првата нокаут рунда од Купот на УЕФА, лошата лигашка форма на Болтон ги вовлече во битка за испаѓање, а на крајот завршуваат дури на 16. место со само еден бод над зоната за испаѓање. Нолан постигнал погодок во победата со 2-0 над Сандерленд во мај дека речиси за да го обезбеди Премиер лигашкиот статус на клубот.

Со направени 323 лигашки настапи за клубот, во јануари 2009 година, Нолан започнал преговори со претставниците на Њукасл Јунајтед околу неговиот трансфер во клубот од североистокот, откако бил изложен на критики за неговите настапи од некои од навивачите на клубот.

Њукасл Јунајтед

[уреди | уреди извор]
Нолан со трофејот од Чемпионшип во 2010

На 29 јануари 2009 година, било откриено дека Њукасл се согласи да му плати оштета од 4.000.000 £ на Болтон, што беше потврдено следниот ден, кога Нолан отпатувал за Тајнисајд да разговара за личните услови и да се подложи на медицински тестови. Нолан го завршил својот трансфер истиот ден, потпишувајќи четири и пол годишен договор. На 22 февруари, Нолан го заработил својот прв црвен картон во натпреварот на Њукасл на домашен терен против Евертон, за извршен прекршок влегувајќи му со две нозе на Виктор Аничебе. На крајот на сезоната, Њукасл се испаднал во Чемпионшип лигата. Нолан бил забележан како еден од првите играчи на Њукасл кој се изјасниле дека нема да го напуштат клубот во текот на летото, и укажувал на тоа дека на клубот му се потребни неколку нови играчи за итно враќање во Премиер лигата.

Нолан одиграл клучна улога во добрата сезона во Чемпионпшип и му помогнал на Њукасл за промоција во следната сезона; Тој го постигнал својот прв лигашки погодок за Њукасл на 22 август против Кристал Палас, и првиот хет-трик во неговата кариера, како дел од победата со 4-0 нагостувањето против Ипсвич Таун на 26 септември. Нолан ја носел капитенската лента на Њукасл за првпат во победата со 5-1 против Кардиф Сити во преземајќи ја улогата од отсутните Ники Бат и Алан Смит. По 11 натпревари суша, Нолан го постигнал неговиот 11-ти лигашки гол во сезоната на 20 февруари против Престон Норт Енд во победата од 3-0. Тој го следел овој чекор постигнувајќи го последниот погодок во домашниот успех со 6-1 против Барнсли два натпревари подоцна. Тој бил изгласан за најдобар играч на дивизијата за таа година на 16 март. На 5 април 2010 година, Њукасл Јунајтед обезбедиле автоматска промоција во Премиер лигата, откако нивните конкуренти Нотингем Форест не успеале да го победат Кардиф Сити. Њукасл излегле на терен неколку часа подоцна, и пред 48.750 навивачи, Нолан го постигнал победничкиот погодок со низок удар по земја во победата 2-1 над Шефилд Јунајтед.

Нолан беше именуван за нов капитен на Њукасл Јунајтед во сезоната 2010-11, наследувајќи го пензионираниот Ники Бат. Нолан го постигнал својот прв погодок во сезоната во убедливата победа со 6-0 против Астон Вила во нивниот прв натпревар на домашен терен. На 31 октомври 2010 година, Нолан го постигнал својот прв хет-трик, во дербито на Т��јн и Вер против Сандерленд во победата со 5-1.

Вест Хем Јунајтед

[уреди | уреди извор]

На 16 јуни 2011 година Вест Хем Јунајтед го потврдил потпишувањето на Нолан за необјавена сума на пет-годишен договор, со што тој го земал слободниот број 4 за негов дрес.

Статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Дивизија Лига Куп Лига Куп Континентални Друго[1] Вкупно
Apps Goals Apps Goals Apps Goals Apps Goals Apps Goals Apps Goals
1999–2000 Болтон Вондерерс Прва дивизија 4 0 0 0 0 0 4 0
2000–01 31 1 4 2 0 0 2 0 37 3
2001–02 Премиер лига 35 8 2 0 2 0 39 8
2002–03 33 1 2 0 1 0 36 1
2003–04 37 9 2 1 5 2 44 12
2004–05 36 4 4 0 2 0 42 4
2005–06 36 9 3 0 2 0 7 2 48 11
2006–07 31 3 2 1 1 1 34 5
2007–08 33 5 0 0 1 0 5 0 39 5
2008–09 20 0 1 0 1 1 22 1
Њукасл Јунајтед 11 0 0 0 0 0 11 0
2009–10 Чемпионшип 44 17 2 0 2 1 48 18
2010–11 Премиер лига 30 12 1 0 1 0 32 12
2011–12 Вест Хем Јунајтед Чемпионшип 43 12 0 0 1 0 2 1 45 13
2012–13 Премиер лига 35 10 0 0 1 0 0 0 36 10
Вкупно во кариерата 459 87 23 4 20 5 12 2 4 1 517 100

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Вклучувајќи други натпреварувања како плеј-офи.