Прејди на содржината

Картографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кеплеровата карта на светот

Картографија — наука што се занимава со изучување и изработка на карти и глобуси. Картите  се изработувале традиционално со молив и хартија, но со напредокот и распространувањето на компјутерите се револуционализирала картографијата.Повеќето карти со комерционален квалитет  денес се прават со помош на некоја програма за изработка на карти кои спаѓаат во една од овие основни типови; CAD, ГИС, или специјализирани програми за илустрација на мапата.

Историја

[уреди | уреди извор]
Светската мапа на арапскиот картограф Ал-Идризиј од 1154. година. На оваа карта, југ се наоѓа горе.

Картите се составен дел на човековата историја. Не е познато кога е создадена првата карта (можеби и до 8,000 години — но се разбира, пред пишаниот збор).[1] Познато е дека постоеле во Европските култури, на блискиот Исток, Кина, Индија и во други делови на светот.

Најстарата сочувана карта  во моментов се наоѓа како ѕидна слика во древниот турски град на Катал Хуџук, која потекнува од, како што е утврдено, крајот на 7 милениум п.н.е.[2]

Картата мунди  е општото име со кое се именуваат европските карти во светот од средниот век. Постојат околу 1,100 вакви карти кои постојат и ден денес. Од нив, околу 900 се пронајдени како илустрации во ракописите, а останатите се направени како одделни документи[3].

  1. Чланак: Најстарије познате карте Архивирано на 20 август 2007 г., Посетено на 8. 4. 2013.
  2. Најстарија карта Архивирано на 22 август 2007 г., Посетено на 8. 4. 2013.
  3. , 1987.Картографија