Кактуси
Изглед
Кактуси | |
---|---|
Разни видови на кактуси | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Кактуси |
Кактуси (науч. Cactaceae) — семејство скриеносеменици, на која припаѓаат околу 1650 видови,[1] кои растат во голем дел на Северна и Јужна Америка, а најразновидни се во Мексико.
Опис
[уреди | уреди извор]Повеќе видови кактуси растат во суви предели (пустини и полупустини). Тие обично имаат дебела зелјести или дрвенеста стебла кои содржат хлорофил. Лисјето обично се формирани со трње или се многу суви, со што се смалува површината со која растението ја губи водата. Обично имаат тенки, разгранети, плитки корења. Цветовите на кактусот често се крупни и со живописни бои, а обично растат поединечно. Кактусите се одгледуваат како украсни растенија, а разни видови се одгледуваат и како храна.
Кактусите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Кактус“ — краток расказ на македонската писателка Лилјана Дирјан.[2]
- „Кактус“ — песна на српскиот поет Васко Попа.[3]
- „Црвениот кактус“ — книга на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.[4]
- „Украдениот кактус“ — расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[5]
- „Кактусово дрво“ (англиски: Cactus Tree) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1968 година.[6]
- „Кактус“ (англиски: Cactus) — песна на американската рок-група Пиксис (The Pixies) од 1988 година.[7]
- „Кактус“ (англиски: The Cactus) — песна на американската хип-хоп група 3rd Bass од 1989 година.[8]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Echinocactus grisonii, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Ferocactus histrix
-
Ferocactus pilosus, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Euphorbia fruticosa, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Mammillaria compressa, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Mammillaria longimmama, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Opuntia robusta, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Oreocereus doelzianus, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Parodia magnifica, Ботаничка градина, Бон, Германија
-
Selaginella pilifera, Ботаничка градина, Бон, Германија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Christenhusz, M. J. M. & Byng, J. W. (2016). „The number of known plants species in the world and its annual increase“. Phytotaxa. Magnolia Press. 261 (3): 201–217. doi:10.11646/phytotaxa.261.3.1.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 121.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 14.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 281.
- ↑ Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
- ↑ Joni Mitchell – Song To A Seagull (пристапено на 24.4.2023)
- ↑ Pixies – Surfer Rosa (пристапено на 13.3.2024)
- ↑ 3rd Bass – The Cactus Album (пристапено на 14.4.2024)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Кактусарница (македонски)