Кадарли
Кадарли | |
Координати 41°32′34″N 22°41′58″E / 41.54278° СГШ; 22.69944° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Василево |
Област | Огражден |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Кадарли или Кадарлија (варијанти: Кадирли или Кадирлија) — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Висока Маала.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на планината Огражден.
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX и почетокот на XX век Кадарли било турско село во Струмичката каза. Населението се занимавало со земјоделство, сточарство и дрводелство. Според статистиката на митрополитот Герасим Струмички („Материали по географията. Струмишко“) од 1896 г. Кадарли имало 30 куќи, сите муслимански.[2] Според него, во Кадарлија и соседното Кара Чали живееле околу 150 муслимани кои имаат по една мала џамија.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кадарли (Кадърли) се состоело од 140 лица, сите Турци.[4] Според „Материяли за изучване географията на Македония. ΙΙ. Струмишка каза“ во 1905 г. Кадерли (Казарли, Кадарли) е чисто муслиманско село со 12 куќи од 69 жители и една џамија.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Материали по географията. Струмишко. Отъ Архимандритъ Герасимъ“. Библиотека. Пловдивъ (XVIII–XX): 88. 1897 – преку Дигитална библиотека - Народна библиотека „Иван Вазов“ - Пловдив.
- ↑ „Материали по географията. Струмишко. Отъ Архимандритъ Герасимъ“. Библиотека. Пловдивъ (XVI–XVII): 75. 1896 – преку Дигитална библиотека - Народна библиотека „Иван Вазов“ - Пловдив.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 161. ISBN 954430424X.
- ↑ Материяли за изучване географията на Македония. ΙΙ. Струмишка каза. София: Печатница „Воененъ Журналъ“. 1908. стр. 20, 46, 47.
|