Зелки
Зелки | |
---|---|
Повиена зина (Barbarea vulgaris) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Зелковидни |
Семејство: | Зелки Burnett[1] |
Родови | |
во текстот. |
Зелки или синапи (науч. Brassicaceae, syn. Cruciferae) — семејство со преку 330 родови и околу 3.700 видови (според податоците на Кралските ботанички градини во Кју). Името Brassicaceae е изведено од родот Brassica. Cruciferae е постаро име кое значи крстоцветни растенија, бидејќи четирите венечни ливчиња од цветот се распоредени во вид на крст. Меѓутоа, според МКБН, и двете имиња можат да се употребуваат.
Најголеми родови од ова семејство се Draba (365 видови), Cardamine (200 видови, но местото на овој род е нејасно), Erysimum (225 видови), Lepidium (230 видови) и Alyssum (195 видови).
Семејството ги содржи некои од добро познатите растенија, како Brassica oleracea (дива зелка), Brassica rapa (репка), Raphanus sativus (ротква), Cochlearia armoracia (рен), Brassica nigra (црн синап), Sinapis alba (бел синап), Arabidopsis thaliana (познат моделен организам во генетиката) и многу други. Зелкоцветните растенија се космополити, но сепак се концентрирани во северните умерени региони, а го достигнуваат своето максимално распространување по Средоземјето.
Систематика
[уреди | уреди извор]Според системот APG, семејството е вклучено во редот Brassicales. Постарите системи (како оној на Артур Кронквист) ги сместувал во Capparales, ред кој повеќе не постои.
Поради производството на гликозинолатни соединенија (синапно масло), отсекогаш се претпоставувало дека постои блиска поврзаност помеѓу зелкоцветните растенија и растенијата од семејството Capparaceae. Скорешните истражувања на Hall et al. (2002) покажуваат дека Capparaceae се парафилетични во однос на Brassicaceae, при што родот Cleome и неколку негови сродници се поблиски со Brassicaceae отколку со другите родови од Capparaceae. Поради ова, во APG системот на класификација, овие две семејства се споени во една - Brassicaceae. Некои други автори го сместуваат родот Cleome во своја посебно семејство — Cleomaceae. Овде ќе биде опишана семејството на зелките sensu stricto, т.е. прифаќајќи дека Cleomaceae и Capparaceae се одделни семејства.
Brassicaceae s.l. |
| ||||||||||||
Опис
[уреди | уреди извор]семејството се состои од тревести растенија со годишни, двегодишни или повеќегодишни животни циклуси.
Листовите се последователни (ретко наспрамни), понекогаш организирани во базални розети. Тие се многу често перести по изглед и немаат прилисници.
Градбата на цветовите е многу униформна во целото семејство. Тие имаат четири слободни венечни ливчиња и четири канџести чашкини ливчиња. Може да се дисиметрични или малку зигоморфни, со крстовидно подредување. Присутни се шест прашници, од кои четири се подолги и се наредени крстовидно следејќи го венчето, додека другите се пократки (тетрадинамичен цвет). Плодникот е составен од два споени плодни листови, а устенцето е многу кратко, со два лобуса. Плодникот е натцветен. Цветовите образуваат ебрактеатни рацемозни соцветија. Цветната формула на ова семејство е:
Опрашувањето е по пат на ентомофилија, поради што и се создава нектар во основата на прашниците и се складира на чашката.
Плодот е вид на кутијка наречена силика. Тој се отвора со два капака, кои претставуваат изменети плодни листови, оставајќи го семето прикачено за плацентата и ткивото кое останало на местото каде се одделиле капаците (replum).
Поважни родови
[уреди | уреди извор]Некои од поважните родови на Зелки на економски и хортикултурен план се:
- Alyssum
- Anastatica
- Arabis
- Armoracia
- Betreroa
- Brassica — зелка
- Camelina
- Capsella
- Cardamine
- Cardaminopsis
- Crambe
- Dentaria
- Draba
- Erysimum
- Hesperis
- Isatis
- Lepidium — добрејка
- Lunaria
- Raphanus
- Sinapis — синап
- Ibolya
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Нива со зелки во Македонија
-
Нива со пролетни зелки во Македонија
-
Нива со необрани есенски (зимски) зелки во Македонија
-
Нива посадена со есенска зелка во Гевгелиско
-
Нива посадена со есенска зелка во Гевгелиско
-
Нива посадена со есенска зелка во Гевгелиско
-
Нива со есенска зелка во Струмичко
-
Нива со есенска зелка во Струмичко
-
Нива со есенска зелка во Струмичко
-
Нива со есенска зелка во Трубарево
-
Нива со есенска зелка во Трубарево
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Angiosperm Phylogeny Group (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“ (PDF). Botanical Journal of the Linnean Society. 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x. Посетено на 2013-07-06.