Железен оксид
Железни оксиди — хемиски соединенија сочинети од железо и кислород. Разликуваме неколку железни оксиди. Честопати тие се нестехиометриски. Оксихидроксидите се сродна класа на соединенија, од кои најпозната е ’рѓата.[1]
Железните оксиди и хидроксиди се широто распространети во природата и играат важна улога во мноштво геолошки и биолошки процеси. Се користат како железни руди, пигменти, катализатори и термит, а присутни се и во хемоглобинот. Тие се евтини и долготрајни пигменти во боите и премазите. Ваквите бои се жолта, портокалова, црвена, кафеава и црна боја со земјеста нијанса. Кога се користат во прехранбени бои носат Е-број E172.
Стехимоетрии
[уреди | уреди извор]Железните оксиди се состојат од железа Fe(II), Fe(III) или обете. Заземаат октоедарска или тетраедарска геометрија. Само неколку оксиди се значајни на земјината површинна, меѓу кои виститот, магнетитот и хематитот.
- Оксиди на FeII
- FeO: железо(II) оксид, вистит
- Мешани оксиди на FeII и FeIII
- Оксиди на FeIII
- Fe2O3: железо(III) оксид
Топлинско ширење
[уреди | уреди извор]Жел. оксид | CTE (× 10−6 °C−1) |
---|---|
Fe2O3 | 14,9[6] |
Fe3O4 | >9,2[6] |
FeO | 12,1[6] |
Оксихидроксиди
[уреди | уреди извор]- гетит (α-FeOOH),
- акаганеит (β-FeOOH),
- лепидокрокит (γ-FeOOH),
- фероксихит (δ-FeOOH),
- ферихидрит (Fe5HO8 · 4 H2O прибл., или 5 Fe2O3 · 9 H2O, подобро пресрочен како FeOOH · 0,4 H2O)
- FeOOH со пиритна структура под висок притисок.[7] Штом ќе започне дехидрацијата, оваа фаза може да образува FeO2Hx (0 < x < 1).[8]
- зелена ’рѓа (FeIIIxFeIIyOH3x + y − z (A−)z каде A− is Cl− или 0,5 SO2−
4)
Реакции
[уреди | уреди извор]Во високите печки и сродните погони железните оксиди се претвораат во метал. Типични редуктивни агенси се разните облици на јаглерод. Претставителната реакција почнува со темен оксид:[9]
- 2 Fe
2O
3 + 3 C → 4 Fe + 3 CO
2
Во природата
[уреди | уреди извор]Железото е складирано во многу организми во облик на феритин, железест оксид сместен во растворачка белковинска обвивка.[10]
Некои видови бактерии како Shewanella oneidensis, Geobacter sulfurreducens и Geobacter metallireducens се служат со железни оксиди како завршни елетронски акцептори.[11]
Примена
[уреди | уреди извор]Речиси сите железни руди се оксиди, па така овие материјали се важни претходници на железниот метал и неговите бројни легури.
Железните оксиди се важни пигменти на различни бои (црна, црвена, жолта). Нивните предности се во тоа што се евтини, силно обоени и нетоксични.[12]
Магнетитот е составница на магнетните ленти за снимање.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Cornell., RM.; Schwertmann, U (2003). The iron oxides: structure, properties, reactions, occurrences and. Wiley VCH. ISBN 978-3-527-30274-1.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 4,0 4,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Greenwood, Norman N.; Earnshaw, Alan (1997). Chemistry of the Elements (2. изд.). Butterworth-Heinemann. стр. 1072. ISBN 0080379419.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Железен оксид“ на Ризницата ? |
- Пигменти од железни оксиди — статистика и информации (англиски)
- Џебен водич за хемиски опасности, CDC – NIOSH (англиски)
|
|