Прејди на содржината

Е3 Харелбеке 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Е3 Харелбеке 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 6 од 28
Рута на Е3 Харелбеке 2012
Детали за трката
Date 23 март
Растојание 203 км
Време 4ч 51' 59" (25.920 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Том Бонен (Белгија) (Омега Парма-Квик Степ)
Втор  Оскар Фреир (Шпанија) (Катјуша)
Трет  Бернхард Ајзел (Австрија) (Тим Скај)
2011
2013

Е3 Харелбеке 2012 било 55. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке.[1] Била одржана на 23 март на растојание од 203 километри и била шеста трка од сезоната 2012 на светската турнеја. Е3 Харелбеке првпат била одржана како настан на светската турнеја,[2] откако претходно била одржувана како трка од прва екстра категорија во Европска турнеја на UCI.[3] Како дел од напредувањето во Светската турнеја, трката морала да биде префрлена во петок, наместо како што се одржувала во сабота; потегот бил со цел да им даде простор на возачите пред следниот настан од Светската турнеја, Гент-Вевелгем.[4]

Во масовната спринтерска завршница, трка била освоена од возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[5] кој со ова, станал најуспешниот возач во историјата на трката; негова петта победа – по претходно освоените четири победи во периодот помеѓу 2004 и 2007 – во Харелбеке го презел рекордот со четири победи, кој го делел со блискиот белгискиот возач Рик ван Лој.[6] Бонен завршил пред возачите на Катјуша Оскар Фреир и на Тим Скај Бернхард Ајзел, кој го комплетирал подиумот.[7]

Бидејќи Е3 Харелбеке бил настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Седум други екипи биле повикани дополнително на трката,[8] и така се создала групата од 25 екипи.

Екипите кои се натпреварувале во трката се:[9]

Резултати

[уреди | уреди извор]
Стајн Дефолдер води преку Мур

[10]

Возач Екипа Време
1  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ 4ч 51' 59"
2  Оскар Фреир (ШПА) Катјуша и.в.
3  Бернхард Ајзел (АВТ) Тим Скај и.в.
4  Леонардо Дуке (КОЛ) Кофидис и.в.
5  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Гармин-Баракуда и.в.
6  Џон Дегенколб (ГЕР) Проект 1т4и и.в.
7  Матје Ладању (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
8  Александр Пишо (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
9  Алесандро Балан (ИТА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда и.в.
10  Себастјен Тиржо (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
  1. Фонтекио, Крис (22 март 2012). „Е3 Харелбеке: Нов првак“. Podium Cafe. Vox Media, Inc. Посетено на 23 март 2012.
  2. „Е3 Харелбеке ќе биде трка од Светската турнеја во 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 31 август 2011. Посетено на 23 март 2012.
  3. „54то Е3 Харелбеке 1.HC“. Daily Peloton. Earthlink. 26 март 2011. Архивирано од изворникот на 2012-07-23. Посетено на 23 март 2012.
  4. Роџерс, Нил (22 март 2012). „Фландриската трка Е3 Харелбеке го прави дебито во Светската турнеја во петок“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 23 март 2012.
  5. Вокер, Ли (23 март 2012). „Бонен го освои Е3 Харелбеке“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 23 март 2012.
  6. Аткинс, Бен (23 март 2012). „Том Бонен го победи Оскар Фреир за да ја земе неговата петта победа на Е3 Харелбеке“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 23 март 2012.
  7. Декалуве, Брехт (23 март 2012). „Бонен победоносно на Е3 Харелбеке“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 23 март 2012.
  8. „Е3 Харелбеке ги објави дополнителните екипи“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 февруари 2012. Посетено на 23 март 2012.
  9. „List of participants“ (PDF). Е3 Харелбеке (холандски). Hand in Hand Cycling Club of Harelbeke. Посетено на 23 март 2012.[мртва врска]
  10. „Светска турнеја на UCI #5 – E3 Харелбеке (BEL/UWT)“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Infostrada Sports. 23 март 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 23 март 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]