Прејди на содржината

Себастјен Тиржо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Себастјен Тиржо
Тиржо на Гран при де Денен 2014
Лични податоци
Цело имеСебастјен Тиржо
Роден11 април 1984(1984-04-11)(40 г.)
Лимож,  Франција
Висина1,79 м
Маса73 кг
Податоци за клубот
Мом. клубУС Сен-Ерблен
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2006
2007
2017-
Буиг Телеком (стажант)
Вандеја У
УС Сен-Ерблен
Професионални клубови
2008–2013
2014–2016
Буиг Телеком
Аг2р-Ла Мондијал
Последна промена
3 јануари 2017

Себастјен Тиржо (француски: Sébastien Turgot; р. 11 април 1984) — француски друмски велосипедист, кој вози за аматерската екипа УС Сен-Ерблен. Бил професионален возач од 2008 до 2016 година.

Неговиот најголем резултат бил на третото место на Париз-Тур 2008, откако водел во последните 100 метри, но бил победен од Филип Жилбер од Франсес де же и Јан Кујкс од Ландбувкредит-Тенисштајнер. Неговото трето место не било очекувано од никого, но тоа било потврда на неговите способности, како што ги покажал на бројнит�� француски национални велодромки првенства.

Во 2012, Тиржо бил второпласиран на една од најпрестижните трки во велосипедизмот, Париз-Рубе.

Тиржо го напуштил Тим Јуропкар на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Аг2р-Ла Мондијал за сезоната 2014.[1]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2007
1. Краен пласман Три дена Воклис
1. Етапа 4 Тур де Бретан
2008
3. Париз-Тур
3. ГП де ла Сом
2010
1. Етапа 2 Три дена де Пане
2012
2. Париз-Рубе
2013
8. Трка околу Фландрија
9. Ла Руе Туранжел
10. Париз-Рубе
10. Е3 Харелбеке
2014
3. Шоле-По де Лоара
7. Тро-Бро Леон
2015
5. Гран при Пино Черами
9. Краен пласман Тур де Валони

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Џиро
Тур 113 130
Вуелта 154

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „Turgot joins AG2R“. L'Équipe (француски). Éditions Philippe Amaury. 27 август 2013. Посетено на 27 август 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]