Прејди на содржината

Ентони Брекстон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ентони Брекстон (англиски: Anthony Braxton) (1945, Чикаго, САД - ) е современ американски џез саксофонист, музичар и композитор.

Ентони Брекстон, 26.5.2007

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ентони Брекстон е роден во 1945 година во Чикаго, САД.

Творештво

[уреди | уреди извор]
Брекстон на настап во 1976 година.

Музичкото творештво на Брекстон е многу богато и содржи стотици снимки, бројни концерти низ целиот свет и академски трудови. Музичката кариера ја започнал во 1960-тите како соло-музичар, во 1970-тите бил ангажиран во бројни еклектични експерименти, а во 1980-тите е позната работата со неговиот "историски квартет". Најголемо влијание врз неговото творештво извршиле џез-саксофонистите Ворн Марш (Warne Marsh) и Алберт Ајлер (Albert Ayler), авангардните американски композитори Џон Кејџ (John Cage) и Чарлс Ајвс (Charles Ives), како и европските авангардни композитори Карлхајнц Штокхаузен (Karlheinz Stockhausen) и Јанис Ксенакис (Iannis Xenakis).[1]

Брекстон е познат по неговиот уникатен музички систем, со сопствени класификации и графички-заснован музички јазик во кој се испреплетени разновидни музички традиции и жанрови. Благодарение на неговото значење за џез-музиката постои меѓународна мрежа на негови обожаватели кои ја документираат неговата работа. Творештвото на Брекстон е многу ценето од страна на критичарите, кои го опишуваат како „гениј“, „ненадминлива фигура во музиката“, „веројатно, најплодниот музичар на нашето време“, „брилијантен уметник кој постојано наметнува нови предизвици“ итн.[1]

На 19 октомври 2012 година, Ентони Брекстон настапил на Скопскиот џез фестивал, со својот квартет "Diamond Curtain Wall Quartet", во состав:[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Skopje Jazz Festival 2012. Skopje: Skopje Jazz Festival