Елена Наумовска - Аргир
Елена (Костова) Наумовска - Аргир (псеводним Илинка), (16 февруари 1921 во Крушево — ) — македонски партизан, учесник и раководител во НОВ.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Била активен член на друштвото Есперанто од „Крушево“.[1][3] Во 1940 година раководела со комисијата за работа со жените при месниот комитет на КПЈ во Крушево. На 22 јуни 1942 година официјално е формиран крушевскиот партизански одред „Питу Гули“, иако своите активности ги почнал од април истата година. Одредот одржал повеќе митинзи на територијата помеѓу Крушево, Македонски Брод и Кичево, а извел и повеќе воени акции против бугарските фашистички сили, меѓу кои во селата: Прибилци, Кочиште, напад на рудникот Цер и други. Меѓу борците имало и жени. Една од нив била Елена Костова Аргирова, која се истакнала со своите активности уште пред почетокот на НОВ.[3] Средбите биле во организација на Костадин Попоски и Цветан Илиевски. На средбите, од Одредот присуствувале Наум Наумовски - Борче, Шула Мина и Ели Аргирова.[4]
Бугарскиот воен суд во Прилеп, кон крајот на 1942 година, ја осудил Елена Наумова[1] заедно со Антигона Стерјова Туфа, Ефросина Михајлова Димитрова, исто така борци во одредот „Питу Гули“ и Ефигени Николова Стерјова, водач на женска просветна група, биле осудени од 15 до 20 години строг затвор.[3]
Потоа таа се приклучила на Мавровско-кичевскиот НОПО, додека од август 1943 година таа е член на баталјонот „Мирче Ацев“. Како заменик-политички комесар таа била дел ѝ од Македонско-косовската ударна бригада. Нејзината воена активност ја продолжила и во Македонската ударна бригада, најпрво како заменик политички комесар на баталјон, а потоа и на целата бригада.[1][5]
Одликувања
[уреди | уреди извор]Носители на високото одликување „Партизанска споменица од 1941“ од Крушево се жените-борци: Елена Костова Аргирова, Сина Димитриовска Михајлова и Вергула Кардула.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 79. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 43. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Искра Гешоска, Христина Иваноска, Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски (2016). Музеј на женски приказни (PDF). Скопје: Локомотива. стр. 70. Недостасува
|author1=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ д-р Менде Солунчевски (јуни 2014). „БОРБЕНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПАРТИЗАНСКИТЕ ОДРЕДИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ДЕМИР ХИСАР И ДЕМИРХИСАРСКО ВО НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈНА“ (PDF). Офицер (12): 28–29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2023-01-23. Посетено на 2021-02-27. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 223. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)