Прејди на содржината

Бунт на Скопско кале (1945)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бунтот на Скопско кале
МестоСкопје,  Македонија
Датумјануари 1945
ЦелОслободување на Солун, наместо Срем

Бунт на Скопско кале — бунт кренат од Македонци, припадници на 15. артилериски корпус, којшто се случил на 7 јануари 1945 година. Тој е првиот настан по кој се редат низа настани низ неколку македонски градови кои траат скоро цел месец дена потоа. Во текот на целиот јануари, низ цела Македонија, се случуваат масовни убиства на соработниците на фашистичкиот бугарски окупатор и припадниците на контрачетите, кои бугарската пропаганда и локалните бугаромани сакаат да ги поврзат со Бунтот од Скопско кале (бунт кренат од регуларна војска и при тоа никој од нив не е убиен).[1][2]

Бугарската пропаганда и делумно нивната историографија, го нарекува овој настан Македонската Крвава Коледа, според кој биле убиени илјадници „Бугари“ со се нивните семејства,[3] што е дијаметрално спортивно од сведочењата на учесниците во самите настани од 7 јануари 1945 година, потврдено и во записите и воените архиви на бившите ЈУ-републики. Бугарските фабрикации на овој настан, одат доттаму што тврдат дека во рок од 3 дена (од 6 до 9 јануари, биле убиени 1.200 Бугари).[4] Критика кон самите бугарски историчари, за ова прекумерно акцентирање, изислување и поврзуваење на настани, упатуваат и дел од бугарските историчари, кои појасно знаат да ги согледаат и спознаат настаните.[5] Според комплетната документација и сведоштвата на преживеаните учесници во самиот бунт, на Скопското кале, на 7 јануари 1945 г., нема убиено ниту еден Македонец, ниту еден убиен човек. Убиства се случиле деновите потоа, кога се убивани соработниците на фашистичкиот бугарски окупатор и припадниците на контрачетите. Постои сомнеж дека меѓу убиените имало и Македонци кои сакале воените дејствија да се префрлат кон Солун, а не кон Сремскиот фронт.[1][6][7][8][9][10]

Соработниците на бугарскиот фашистички окупатор и припадниците на контрачетите кои биле составени од членови на Михајловистичкото ВМРО, се судени од Судот за престап извршен против македонската национална чест[11][12] (еден вид воен трибунал) и тие воопшто не се поврзани со овој бунт. Тој пред се е дело на македонски патриоти што е потврдено и од нивните сведоштва и документација од судските записи.[1][10]

Борци на XV Македонски корпус, на обука за ракување на минофрлач - јануари 1945 година

Бунтот на Скопското кале

[уреди | уреди извор]
XV Македонски корпус на пат за Сремскиот фронт, 1945 година.

Од 6 до 8 јануари 1945 г., во скопскиот Офицерски дом, во големата сала се одржал Вториот конгрес на Народноослободителниот сојуз на младината на Македонија (НОМСМ). На него учествувале вкупно 1.000 делегати од трите дела на етничка Македонија (25 члена од Егејска и 100 членови од Пиринска Македонија), но и членови од другите делови на Југославија. Како гости биле присутни и делегати на воените мисии од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз.[1] Според професорот по историја Виолета Ачковска, имало 2.000 делегати на овој конгрес.[10]

Во истовреме, југословенските партизани го планирале Сремскиот фронт (јануари - април 1945 г.), како завршен удар против нацистичкиот окупатор во северна Југославија. За таа цел, се подготвувала и мобилизација на македонските партизани.[13][14]

Како последица на сѐ тоа, во близина на Калето, на Божиќ, 7 јануари 1945 г. во 9 часот наутро, се случил војнички бунт и демонстрации против наредбата на југословенските командири – Македонци да бидат испратени на Сремскиот фронт. Протестирачите ја изразиле својата желба „На Солун, на Солун - не сакаме на Берлин, сакаме на Солун“ – наместо тоа, македонската војска да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Нивниот параден марш од Калето, кон плоштадот бил проследен и со пеење родољубиви песни: „Напред браќа Македонци“, „Во, борба, во борба“ и слично.

По реакција на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ - генерал Михајло Апостолски, побунетите артилерци од 15 корпус, построени пред тогашниот Офицерски дом - сега плоштад „Македонија", се вратиле во своите касарни во Кале.[10] Вкупно 38 војници и офицери, (припадници на македонските артилериски) се обвинети, како учесници во бунтот, по што биле разоружени и уапсени за судска постапка. Подоцна во овие судски процеси се приклучени уште две лица.[1]

Според подоцнежната судска документација, некои од лицата биле изреволтирани од говорот на тројца српски војници, кои во касарната разговарале за Кралот Петар и стара Југославија. Тоа биле војниците: Слободан Бранковиќ, Душан Бечиќ од Белград и Александар Вељковиќ, роден во Ресен. Овие три лица, заедно со лицето Александар Борисов Минчевски, кој бил командант на првата дивизија, при Артилериската бригада, се единствените кои првично биле осудени на смрт со стрелање - според судскиот записник од 31 јануари и 1 февруари 1945 - што е уште еден доказ дека не само што немало стрелање на Коледе и Божиќ, туку и главните виновници не се застрелани на тој ден.[1][10]

Судските процеси

[уреди | уреди извор]

Од обемната судска документација, се гледа дека сите учесници во овој бунт, ја признаваат вината и своето учество, а потоа во процесите на судење со молби и укази сите до еден се ослободени од затворските казни и обвиненијата.[1]

СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ДО КРАЈНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ
Име и Презиме ПРЕСУДА од 1 февруари 1945 РЕШЕНИЕ од 14 март 1945 ПРЕСУДА од 27, 28 и 29 април 1945 ПРЕСУДА од 31 јули 1945 20-28 август 1945 24 септември 1945 1 јуни 1946 22 август 1946
1 Александар Манчевски Смрт со стрелање и конфискација на имот СЕ ПОНИШТУВА ПРЕСУДАТА од 1 февруари 1945 година.

Отпочнати се нови сослушувања и процеси.

Смрт со стрелање и конфискација на имот ОСЛОБОДЕН
2 Крсте Димов Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија / 10 години робија 2 години принудна работа
3 Панде Пандев Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија ОСЛОБОДЕН
4 Стојан Козаров Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија / 10 години робија / ОСЛОБОДЕН
5 Георги Јанакиев Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 15 години робија / 10 години робија 2 години принудна работа
6 Кирил Брдаров Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 12 години робија / 8 години робија Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН
7 Панче Ефтимовски Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 10 години робија / 5 години робија / ОСЛОБОДЕН
8 Ефтим Димитров Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 8 години робија ОСЛОБОДЕН
9 Љубен Пилатов Смрт со стрелање и конфискација на имот Смрт со стрелање и конфискација на имот 5 години робија ОСЛОБОДЕН
10 Слободан Бранковиќ Смрт со стрелање и конфискација на имот Не е повторно суден - ОСЛОБОДЕН
11 Александар Велковиќ Смрт со стрелање и конфискација на имот Не е повторно суден - ОСЛОБОДЕН
12 Душан Бечиќ Смрт со стрелање и конфискација на имот Не е повторно суден - ОСЛОБОДЕН
13 Иван Костов присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН
14 Драган Георгиевски присилна работа на 3 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН /
15 Димитар Ефтимов присилна работа на 4 години присилна работа на 4 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН /
16 Тодор Стојанов присилна работа на 8 години присилна работа на 8 години присилна работа на 4 години ОСЛОБОДЕН /
17 Тодор Урдов присилна работа на 7 години присилна работа на 7 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН
18 Јордан Ангелов присилна работа на 8 години присилна работа на 8 години присилна работа на 4 години ОСЛОБОДЕН
19 Благој Талев присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН
20 Атанас Атанасов присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години ОСЛОБОДЕН
21 Иван Симеонов присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 1 година ОСЛОБОДЕН
22 Милан Христов присилна работа на 5 години присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН
23 Димитар Димовски присилна работа на 7 години присилна работа на 7 години присилна работа на 2 години присилна работа на 1 година / ОСЛОБОДЕН
24 Тодор Џорлев присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години ОСЛОБОДЕН
25 Сотир Стојанов присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години присилна работа на 1 година ОСЛОБОДЕН
26 Славко Зебаков присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН
27 Александар Наденов присилна работа на 1 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН
28 Драган Јанев присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН
29 Петар Пакетов присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН
30 Александар Марковашев присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН
31 Атанас Минов присилна работа на 2 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН
32 Крум Витланов ОСЛОБОДЕН
33 Благој Стојчевски присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН
34 Вано Јорданов ОСЛОБОДЕН
35 Спиро Мишев присилна работа на 2 години присилна работа на 2 години / ОСЛОБОДЕН
36 Тошо Муфишевски ОСЛОБОДЕН
37 Васил Петков ОСЛОБОДЕН
38 Благој Камчевски ОСЛОБОДЕН
39 Дончо Стојанов присилна работа на 1 години присилна работа на 1 години / ОСЛОБОДЕН
40 Кирил Румов / присилна работа на 5 години присилна работа на 3 години присилна работа на 2 години Пуштен на условна слобода ОСЛОБОДЕН

Во текот на март 1991 година весникот „Нова Македонија“ спровел посебна анкета меѓу преживеаните учесници во овој настан. Анкетираните, преживеани раководители и припадници на артилериските бригади биле едногласни во тврдењата дека во текот на настаните и по нив немало никакви стрелања, никаков масакр на офицери и борци, како што се пласирало и тогаш и денес во јавноста.[15]

Бунт во останатите македонски градови

[уреди | уреди извор]

Бугарскиот историчар Стефан Дечев, јасно говори и признава дека овие измислици на бугарската пропаганда, немаат никаква научна и реална основа, да се тврди дека десетици биле убиени на самиот плоштад, дека се убиени 70 офицери, дека имало 900 загинати од глад и жед на скопското Кале, нити дека 23 000 Бугари биле убиени во Охридско и уште 150 000 Бугари затворени, низ македонските затвори. Сето ова го карактеризира како фантазии, кои не ни заслужуваат коментар.[16]

По Скопското кале, и во Штип една седмица подоцна, на 14 и 15 јануари 1945, војници Македонци се кренале на бунт. Тука има шестмина војници осудени на смрт по брза постапка.

Илија Ѓозев - началник на известувачката служба на 15. Корпус, сведочи дека бунтови против Сремски фронт имало и во други места низ цела Македонија. А, потврдува и дека во Штип имало убиени Македонци.[10]

Фактографијата сведочи за уште тројца убиени во штипската касарна во ноември истата 1945 година. И според бугарскиот историчар Стефан Дечев, Бунтот на Скопското кале и во Штип, во јануари 1945, е дело на македонски националисти. Тоа биле Македонци – македонски национал-патриоти, коишто претходно се бореле против германскиот и бугарскиот окупатор, а кои потоа биле и против одењето на Сремскиот фронт.

Велес, Куманово, Ресен

[уреди | уреди извор]

Југословенските служби кога станувало збор за соработници на бугарските фашисти, убивале и без пресуди. Се смета дека биле убиени уште 17 ресенчани и околу 50 луѓе (соработници на бугарските фашисти) од Куманово, чијашто гробница сѐ уште не е пронајдена.

Бугарската современа пропаганда пробува да ги поврзе и убиените 53-ца велешани со настаните од Скопско Кале од 7 јануари 1945 во Скопје. Но, 53 стрелани Велешани, не се војници, туку затвореници во Велешкиот затвор, кои биле затворени поради нивната соработка со фашистичкиот окупатор, дел од нив и директни извршители на убиства врз македонско население и македонски партизани.[2] Дел од убиените, навистина биле соработници со наци-фашистичкиот непријател, веројатно дека меѓу нив имало и мал дел невини Македонци.

Ако имало судење, ќе се знаело кој од убиените и осомничените бил со окупаторот, кој бил македонски националист – закана за Југославија, а кој бил, просто набеден поради лична нетрпеливост на некој моќник. Убиствата без судења се огромен грев, незаборав на Македонската Држава во однос на југословенскиот режим.

Базерник, Демирхисарско

[уреди | уреди извор]

Никола Коларов во 1946 г. сведочи дека освен во Скопје и Штип, бунт против Сремскиот фронт имало и во демирхисарското село Базерник.[10]

- И во Базерник и во околината се јави отпор кај мобилизираните младинци за војска, да одат за Срем. Тамошните позадинци открија дека јас сум ја раширил таа идеја.


Тоа се случувало при крајот на 1944 година. Никола Методијев Коларов е затворен и суден за македонски национализам и сепаратизам. Се борел за независна и обединета Македонија вон Југославија, вон Грција и вон Бугарија. Првично е осуден на 15 години затвор, а одлежал 12.

Сведоштва

[уреди | уреди извор]

Вера Ацева е македонска партизанка, учесничка во Народноослободителна борба против германските и бугарските наци-фашистички окупатори во Македонија. Официјално прогласена и за „Народен херој“. 3а бунтувањето на Македонците против Сремскиот фронт, таа ќе појасни:[10]

- Во тоа време, кога Југославија сѐ уште не беше ослободена, кога сѐ уште не беше завршена војната со Германија, ние ако тргневме на Солун, тоа ќе значеше дека ние ќе треба да се судриме со сојузниците, на чијашто страна дотогаш бевме. Тоа е прва работа. Второ - можевме ли ние да се носиме со грчката војска којашто беше добро вооружена, зашто таму веќе беа влезени Англичаните...!? И која можеби броеше 800.000 - милион војници, а ние имавме сто-илјадна војска, вооружена само со пушки, малку пушкомитралези и 10-20 митралези...


Натаму, Ацева вели дека ако македонските војници тргнеле на Солун, Англичаните ќе влегле во НР Македонија, во Југославија, и би го вратиле српскиот крал Петар... А, тоа ќе значело дестабилизирање на ФНРЈ и возобновување на Кралството Југославија.

Документите од тоа време посочуваат дека, пред сѐ, Велика Британија и премиерот Винстон Черчил по никоја цена не би дозволиле поголема македонска држава на сметка на Грција.

Митко Тошев, учесник во Бунтот на Скопското кале од 7 јануари 1945, кон крајот на 20 век, сведочи:[10]

- Парадиравме ние од Артилериската бригада - од Калето спрема Железничката станица. И извикувавме ’Не одиме за Сремски фронт, туку на Солун’. Тогаш бев млад човек, на 22 години. Бев идеалист. Видов дека тие луѓе се за Македонија. И јас во душата сум Македонец... За Македонија!


Митко Тошев бил и учесник во НОБ, борец против германските и бугарските наци-фашистички окупатори во Македонија. Според неговите и сведоштвата на други побунети и сите чинители во тие настани, генералот Михајло Апостолски уште истиот ден ги смирил страстите и бунтот.

Трајан Гицев – војник од Сремскиот фронт, спомна:[10]

- Ние таа вечер, не спи��вме кога слушнавме дека нешто ќе има. Ама после чув дека генерал Михајло Апостолски ја смирил ситуацијата.


Генерал Михајло Апостолски за Бунтот на Скопското кале во јануари 1945, вели:

- Тогаш, Господ да не му даде кој не сакал Македонија да биде цела. Но, знаете ли што ќе се случеше ако тргневме на Солун? Тогаш ќе ја изгубевме Македонија. Знаете ли какви сѐ договори беа направени меѓу сојузниците? Ние не можевме да ја задржиме сојузничката (грчка и британска) војска на границата, а ќе ги упропастевме и оние придобивки коишто веќе ги имавме.


М-р Кирил Донски, исто така сведок на настаните на Скопското кале, раскажува:[10]

- Бев со Михајло Апостолски... Тоа беше Гестаповска игра, за ние да ги нападнеме сојузниците. Во Грција имаше 2 англиски дивизии и ние на нив да нападнеме...тоа беше глупост на квадрат. Но, војниците беа национал-патриоти, а на некои и не им се одеше на Сремски фронт. Глупости, никој не е убиен таму.


Материјали - сеќавања од директните учесници во настаните од 1945 година, објавени се во дневниот весник „Нова Македонија" во март 1991 година и тоа од Михајло Апостолски, Киро Бардаров од Струмица - еден од осудените на смрт, на процесот во врска со настаните од 7 јануари, Тодор Урдов од Дојран - осуден на временска казна, Стојан Козаров - осуден на смрт, Мите Ефтимов - осуден на временска казна, Илија Ѓозов од Радовиш, началник на штабот, Ристо Таневски, командир на батерија, Иван Штериев, командант на артериска бригада, Никола Коцевски Параспуров, заменик конандир на батерија и други. Секако, интересно е искажувањето на академик проф. Александар Т. Христов, којшто во процесот на судењето се јавува, во својство на обвинител, изнесено на тркалезната маса посветена на настаните во Скопското кале, одржана во Скопје на 8 март 1991 година. Во Архивот на Македонија, до пред некоја година стоеше на располагање, микрофилмот под сигнатура „Ми 1371", кој содржи 141 архивска единица, за настаните на Скопското кале.

Жртвите на Сремски фронт

[уреди | уреди извор]

Војници Македонци сепак биле испратени на Сремскиот фронт. Единствена вина на Македонците било тоа што не ја чувствувале Југославија како своја земја и сакале една независна, обединета Македонија. На Сремскиот фронт, којшто на повеќе начини не бил наша, македонска борба, во рамки на 15. Македонски народноослободителен ударен корпус, загинале 1.674 лица, околу 3.400 биле ранети, а 378 војници и старешини биле исчезнати.[17]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Настаните на Скопското Кале на 7 јануари 1945 година - Документи“, Институт за национална историја, Скопје, 1997 г.
  2. 2,0 2,1 Во интерес на вистината. Велес: Семејствата на загинатите борци, осуденици и жртви на фашизмот од НОБ. 1997.
  3. Македонската кървава Коледа. София: Галик. 2003. ISBN 954-8008-77-7. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. „75 г. от Кървавия Божик в Македония, когато са избити над 1200 българи | Dnes.bg“. www.dnes.bg (бугарски).
  5. Спасоски, Сашо. „Бугарски историчар ги нарече бугарските колеги „диносауруси, кои фабрикуваат факти" | Meta.mk“.
  6. „Настаните на 7 јануари 1945 во артилереските бригади во Скопје" - Зборник со материјали од научниот собир посветен на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, 1941-1945, МАНУ, Скопје, 1997, стр. 113-123.
  7. „Јануарскиот масакар и вистината за него", дел 1, „Македонско време", бр. 32 за 1997, стр. 35-39.;
  8. „Јануарскиот масакар и вистината за него", дел 2, „Македонско време", бр. 33, за 1997, стр. 30-35.
  9. „Јануарските настани на Скопското кале - 1945", Зборник на документи, издание на Архивот на Македонија, Скопје, 1997, стр. 298.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 „Жртвите на Скопското кале, Солун или Срем (епизода 2/7) - YouTube“. www.youtube.com.
  11. „Решение за создаванје суд за суденје на престаплениа извршени против македонската национална чест | okno.mk“. okno.mk.
  12. Документи Од Создавањето И Развитокот На Н. Р Македонија, 1944-1946. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија. 1949.
  13. Блаже Ристовски, уред. (2009). „2“. Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1143. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  14. Petnaesti makedonski udarni korpus u završnim operacijama za oslobođenje Jugoslavije. Белград: ВОЈНОИЗДABАЧКИ ЗАВОД. 1986. На |first= му недостасува |last= (help)
  15. Владимир Ивановски (1997). Главниот Штаб на НОВ и ПОМ 1941-1945. Скопје: МАНУ - ИНИ. стр. 114. ISBN 9989-649-34-0. Недостасува |author1= (help)
  16. „За Коминтерна и Македония. Така е, но не точно“. Свободна Европа (бугарски).
  17. Милорад Гончин: „Во рововите на Срем“

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]