Прејди на содржината

Андамански јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андамански
Географска
распространетост:
Јужна Азија
Класификација:Анданамски
Гранки:
? сентинелски (непотврден)

Етнолингвистичка карта на Андамански Острови во претколонијално време

Андаманските јазици го сочинуваат претпоставеното јазично семејство што се говорат од страна на Андаманците - народи населени на Андаманските Острови, кои се сојузна територија на Индија.[1] Постојат две фамилии на Андамански јазици, Големоандамански и Онгански, како и сентинелскиот јазик, кои се изолирани јазици и некласификувани.

Историја

[уреди | уреди извор]

Домородните андамански народи живееле на Андаманските Острови со илјадници години, во поголемиот период нивните општества и јазици се развивале без какво било надворешно влијание. И покрај тоа што постоењето на овие острови и нивните жители долго време било познато на големите поморски сили и трговци на Јужна и Југостоична Азија, врските со овие народи биле многу ретки и честопати непријатни; како резултат на што нема никакви пишани сведоштва за нив и нивните јазици сè до средината на осумнаесеттиот век, кога започнале поинтензивни контакти, како што било воспоставувањето на Британска колонија, доселување на имигранти и работници, најчесто од Индискиот Потконтинент.

На почетокот од дваесеттиот век, дошло до осетно намалување на популацијата на овие острови со што се довело во прашање постоењето на различни јазични и племенски дијалекти во големоандаманската јазична група. При крајот на дваесеттиот век поголем број на јазици од Големоандаманската јазична група исчезнале бидејќи новите генерации се помалку ги користеле.

На почетокот од дваесет и првиот век останале само околу педесет луѓе кои говореле јазици од големоандаманската јазична група. Овие луѓе биле преселени на еден мал остров (Strait I.); половина од нив зборувале некоја изменета верзија на (или креолски) од големоандаманската група, заснована главно на Ака-Џеру.[1] Оваа изменета верзија била наречена „сегашен Големоандамански“ од страна на некои учени[2][3], но исто така може да се забележи и едноставно како "Џеро" или "големоандамански". Хинди сè повеќе им служел како основен јазик.[4]

Онганските јазици преживеале најповеќе поради големата изолираност на луѓето кои ги зборувале. Оваа изолација била зајакната поради големата негостопримливост кон странците и крајната незаинтересираност за стапување во контакт со нив од страна на јужните андамански племиња, посебно сентинелците и џарава. Сентинелците биле многу изолирани, така што нивниот јазик останал речиси непознат за останатиот свет.

Граматика

[уреди | уреди извор]

Андаманските јазици се аглутинативни јазици, со богат систем на претставки и наставки.[2][5] Најверојатно нивното најпрепознатливо својство е системот на класа на именки заснован најголем дел на делови од телото, во кој секоја именка и придавка може да добие претставка во зависност од тоа на кој дел од телото се однесува (во смисла на формата или функционалната поврзаност).[3] Така на пример, претставката "ака-" на почетокот од имињата во големите андамански јазици е претставка за објекти поврзани со јазикот.[5] (погл. Големоандамански јазици за пример.)

Судејќи според расположливите извори, андаманските јазици имаат само два кардинални броја: еден и два и нивниот целосен бројчен лексикон е еден, два, плус еден, многу повеќе, и сè.[5]

Јазиците и нивните класификации

[уреди | уреди извор]
Сегашна и претходна дистрибуција на андаманските јазици
Сегашна и претходна дистрибуција на андаманските јазици

Андаманските јазици спаѓаат во две главни фамилии на јазици, големоандамански и онгански, плус на еден непотврден јазик, сентинелски:[6]

  1. 1,0 1,1 Abbi, Anvita (2008). “Is Great Andamanese genealogically and typologically distinct from Onge and Jarawa?” Language Sciences, doi:10.1016/j.langsci.2008.02.002 (англиски)
  2. 2,0 2,1 Abbi, Anvita (2006). Endangered Languages of the Andaman Islands. Germany: Lincom GmbH.
  3. 3,0 3,1 Burenhult, Niclas (1996). "Deep linguistic prehistory with particular reference to Andamanese." Working Papers 45, 5-24. Lund University: Department of Linguistics (англиски)
  4. Abbi, Anvita and Bidisha Som (2007). "Where Have All The Speakers Gone? A Sociolinguistic Study of The Great Andamanese", Indian Linguistics 68.3-4:325-343. (англиски)
  5. 5,0 5,1 5,2 Temple, Richard C. (1902). A Grammar of the Andamanese Languages, being Chapter IV of Part I of the Census Report on the Andaman and Nicobar Islands. Superintendent's Printing Press: Port Blair. (англиски)
  6. Manoharan, S. (1983). "Subgrouping Andamanese group of languages." International Journal of Dravidian Linguistics XII(1): 82-95. (англиски)

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Abbi, Anvita. 2006. Endangered Languages of the Andaman Islands. LINCOM Studies in Asian Linguistics, 64. München: Lincom Europa. ISBN 3-89586-866-3 (англиски)
  • Blevins, Juliette (2007). „A Long Lost Sister of Proto-Austronesian? Proto-Ongan, Mother of Jarawa and Onge of the Andaman Islands“. Oceanic Linguistics. 46 (1): 154–198. (англиски)
  • Burenhult, Niclas. 1996. Deep linguistic prehistory with particular reference to Andamanese. Working Papers 45, 5-24. Lund University: Department of Linguistics. (англиски)
  • Man, E.H. 1883. On the Aboriginal Inhabitants of the Andaman Islands. The Journal of the Anthropological Institute of Great Britain and Ireland, Vol. 12. (англиски)
  • Manoharan, S. 1997. “Pronominal Prefixes and Formative Affixes in Andamanese Language.” Anvita Abbi (ed.). The Languages of Tribal and Indigenous Peoples of India. The Ethnic Space. Delhi: Motilal Benarsidass. (англиски)
  • Portman, M.V. 1887. A Manual of the Andamanese Languages. London: W.H. Allen & Co. (англиски)
  • Temple, Richard C. A Grammar of the Andamanese Languages, being Chapter IV of Part I of the Census Report on the Andaman and Nicobar Islands, Superintendent's Printing Press: Port Blair 1902. (англиски)
  • Zide, Norman Herbert & V. Pandya. 1989. "A Bibliographical Introduction to Andamanese Linguistics." Journal of the American Oriental Society 109: 639-51. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]