Џанг е роден во Тајан, Љаонинг, а високото образование го стекнал на Јанбиенскиот универзитет, каде дипломирал корејски јазик. ВО август 1978 г. се запишал на универзитетот „Ким Ил Сунг“ во Северна Кореја и таму дипломирал економија. Се истакнал во времето на претседателот Ѓанг Ѕемин, најпрвин како партиски началник на Џилин, а од 1998 г. како началник на Џеѓанг. Во ноември 2002 ја добил должноста на партиски началник на Гуангдунг. На 14 март 2013 г. стапил на функцијата Претседател на ПК на Националното народно собрание.