Котва
Котва[1][2] или сидро[3][4] — направа со која бродот привремено се врзува за дното против ветер, водни струи и речна матица.[5] Котвата со тежината и обликот се вкопува во дното на морето, езерото или реката и го задржува бродот, условно кажано, на едно место.
Историја
Првото сидро било голем, тежок, прободен камен. Било поврзано со бродот со синџир или јаже. Подоцна се бирало дрво со многу краци, со неправилен облик. Тоа многу полесно се вкопувало во дното и со тоа посигурно да се закотви. Во VIII век пр.н.е. Грците направиле железни котви. На почетокот на н.е. се појавуваат котви со два крака (лопати) и шипка (столб).[5] Денес се користат: адмиралитетско сидро со две лопати и подвижен столб, конструиран од Англичанецот Портер; зглобно сидро без столб со подвижни лопати; печуркино сидро за трајно закотвување на бродови-светилници; сплаварски котви за сплавови и четирикраки котви за речни бродови.[5]
Симбол на сидро
61x61пкс|Знак за сидро Бродовите се закотвуваат на одредено место наречено сидриште. Ова место е означено на наутичките карти и на самите сидришта со симболот на сидро како на сликата или со превртено сидро кога не е дозволено закотвување на бродови. Како симбол на морето и морнарицата, ги украсува морнарските униформи, капите и копчињата на сите морнари во светот. Често е мотив на тетоважи, како во хералдиката и вексилологијата.[5]
Наводи
- ↑ „котва“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „котва“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сидро“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сидро“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Група аутора, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962.г.