Хортач
Хортач | |
---|---|
Χορτιάτης | |
Поглед на Хортач | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.201 м |
Координати | 40°34′54″N 23°06′59″E / 40.5816° СГШ; 23.1163° ИГД |
Географија | |
Место | Солунско, Егејска Македонија |
Хортач или Ортач (грчки: Χορτιάτης) — планина во Солунско, Егејска Македонија. Се издига југоисточно од Солун a највисокиот врв Кисо со височина од 1.201 м. Покрај самиот град, на подн��жјето на планината се расположени неколку градски населби и села, од кои позначајни се Хортач и елитната населба Арсакли (грч. Панорама), обете во општината Капуџилар-Хортач. Планините се прекриени со шумовити предели. Еден од овие предели го сочинува и шумскиот национален парк. По планината е наречен и горњачки ветер што дува во Солунскиот Залив.
Кон север Хортач продолжува во пониската планината Сиври Тепе која се протега сè до Горчливото Езеро на границата со Кукушко.
Планината е од суштинска важност за водоснабдувањето на Солун уште од древни времиња, па до денес. Во доцновизантискиот период (околу 1300 г.), манастирот на северните падини на планината го снабдувал градот и подрачјето на исток со вода по аквадукт чии остатоци се видливи и денес.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Хортач (село)
- Шехј Су — шума на планината
- Круша (планина)
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на масивот на Хортач
-
Пат по Хортач
-
Три врва на Хортач
|