Филип Дик
Филип Киндред Дик (16 декември 1928 - 2 март 1982), често ословуван и со својата кратеница ПКД, или по својот писателски псевдоним Ричард Филипс, бил американски писател на научна фантастика кој битно го променил тој жанр на книжевност. Иако за својот живот уживал почитување од своите врсници, како на пример од Станислав Лем, Дик не бил познат на широката публика до после својата смрт, по која неколку популарни филмски адаптации на неговите дела доживеале голема гледаност. Денес, неговите дела се меѓу најпопуларните на жанрот на научна фантастика и имаат остварено општа прифатеност од широка публика како и од литерарната критика.
Дик не го прифатил оптимизмот и едноставниот поглед на свет од „златното доба“ на научната фантастика. Дик упорно ги истражувал темите на природата на реалноста и хуманизмот во своите дела. Неговите дела се „населени„ со обични луѓе, наместо на галактички елити. Како претходник на поджанрот киберпанк, како позадина Дик често го користел аномичното друштво на јужна Калифорнија. Во своето познато дело, Човекот во високиот замок (1963, добитник на наградата Хуго), Дик се покажува како литерарен иноватор така што ги поврзува жанровите кои се занимаваат со алтернативна историја и научна фантастика. Понатаму, тој напишал голем број на раскази и романи кои биле издадени во разни списанија.
Неговите дела се карактеристични по нелагодното чувство на ерозија на реалноста, каде што главните ликови често сознаваат дека нивните најблиски (или тие самите) се роботи, вонземјани, натприродни суштества, маѓепсани, шпиони, халуцинација, умрени или некоја комбинација од нив.
Потекло и младост
[уреди | уреди извор]Дик е роден во Чикаго, од мајка Дороти и татко Едгар. На породувањето имал сестра близначка која починала после само неколку недели на живот. Младоста ја поминал во Калифорнија со мајка си, по разводот на неговите родители. Студирал на Универзитетот на Калифорнија, на факултетот во Беркли, каде што дипломирал на студии на германски јазик. Првиот роман го издал во 1955 година. Дик се противел на војната во Виетнам и бил под истрага на ФБИ.
Дик и неговите визии/халуцинации
[уреди | уреди извор]Во својата младост Дик доживува повеќепати ист сон во тек на неколку недели. Тој сонувал дека бил во книжарница каде што се обидувал да најде издание на списанието Astounding Magazine. Тоа издание, кога ќе го најде ќе содржи приказна по име „Царството никогаш не престанало“ (The Empire Never Ended), која ги открива тајните на универзумот. Со секое повторување на тој сон, купот на списанија низ кој превртувал станувал се помал, но тој никако не можел конечно целиот да го пребара. Со време станал поприлично исфрустриран бидејќи замислил дека откривањето на тоа списание може да го доведе во лудило, слично како Некрономиконот од Хауард Филипс Лавкрафт.
На 12 февруари 1974 Дик се опоравувал од ефектите на натриумовиот тиопентотал користен при операција на умник. Откога го напуштил забарскиот кабинет Дик почнал да доживува чудни визии кои ги нарекнува 2-3-74, како кратеница на датумот. Ги опишал своите визии како ласерски и геометриски шари измешани со моментални слики на Исус и Стариот Рим. Како се зголемувало повторувањто на тие слики, така Дик се почесто тврдел дека живее двоен живот - еден како себеси, а другиот како Томас, христијанин прогонет од Римјаните во првиот век пред Христ. Халуцинациите ги користел како инспирација во многу дела, понајпрво во ВАЛИС. Дик тврди дека божеството ВАЛИС употребува „дезинхибиторни стимулации“ да ги подготви своите субјекти за примање на божествени пораки. Дик го опишал своето верување дека Римското Царство во стварност никогаш не престанало во есејот Како да изградите универзум кој нема да се распадне по два дена - How To Build A Universe That Doesn't Fall Apart Two Days Later.
Препораки за запозанвање на делото на Филип Дик
[уреди | уреди извор]Многу од делата на Дик се приемливи и лесно се читаат. Некои, пак, се доста несогледиви и понекогаш бараат од читателите поголем напор. Такви дела се финалето на трилогијата на ВАЛИС - The Divine Invasion и The Transmigration of Timothy Archer.
За почеток, добар избор би биле романите Човекот во високиот замок, Сонуваат ли андроидите електрични овци? или Flow My Tears, The Policeman Said. Читателите со повеќе трпение можат да се ангажираат со ремек-делото ВАЛИС кое е единствено по тоа што самата книга доживува метаморфоза од научно фантастичен роман во интроспективен есеј на лудило со филозофски поставки.
Романи по година на издавање
[уреди | уреди извор]- 1955
- Solar Lottery
- 1956
- The World Jones Made; The Man Who Japed
- 1957
- Eye in the Sky; Војна на реалности (The Cosmic Puppets)
- 1959
- Time out of Joint
- 1960
- Dr. Futurity; Vulcan's Hammer
- 1962
- Човекот во високиот замок (The Man in the High Casttle)
- 1963
- The Game-Players of Titan
- 1964
- Martian Time-Slip; :The Simulacra; Lies, Inc; Clans of the Alphane Moon; The Penultimate Truth
- 1965
- Трите белези на Палмер Елдрич
(The Three Stigmata of Palmer Eldritch); Dr. Bloodmoney, or How We Got Along After the Bomb
- 1966
- The Crack in Space; Now Wait for Last Year; The Unteleported Man
- 1967
- Counter-Clock World; The Zap Gun; The Ganymede Takeover (со Реј Нелсон)
- 1968
- Сонуваат ли андроидите електрични овци?
- 1969
- Јубик; Galactic Pot-Healer
- 1970
- A Maze of Death; Нашите пријатели од Фроликс 8 (Our Friends from Frolix 8)
- 1972
- We Can Build You
- 1974
- Flow My Tears, The Policeman Said
- 1975
- Confessions of a Crap Artist
- 1976
- Бог на гневот (Deus Irae) со Роџер Зелазни
- 1977
- A Scanner Darkly
- 1981
- ВАЛИС; The Divine Invasion
- 1982
- The Transmigration of Timothy Archer; The Man Whose Teeth Were All Exactly Alike
- 1985
- Radio Free Albemuth; Puttering About in a Small Land; In Milton Lumky Territory
- 1986
- Humpty Dumpty in Oakland
- 1987
- Mary and the Giant;
- 1988
- The Broken Bubble; Nick and the Glimmung (за деца)
- 1994
- Gather Yourselves Together
Филмски адаптации на делата на Филип К. Дик
[уреди | уреди извор]- Блејд Ранер (Ридли Скот, 1982) врз основа на романот Сонуваат ли андроидите електрични овци?
- Тотален отповик (Пол Верховен, 1990) врз основа на расказот We Can Remember It For You Wholesale.
- Confessions d'un Barjo (Жером Боава, 1992) врз основа на романот Confessions Of A Crap Artist.
- Врескачи (Кристијан Дугај, 1995) врз основа на расказот [[Second Variety.
- Натрапник (Гери Фледер, 2000) врз основа на истоимениот расказ.
- Малцински извештај (Стивен Спилберг, 2002) врз основа на истоимениот расказ.
- Paycheck (Џон Ву, 2003) врз основа на истоимениот расказ.
- A Scanner Darkly (Ричард Врскалејтер, 2005) врз основа на истоимениот роман.
- Strange Memories of Death Личниот есеј на Дик, прилагоден како краткометражен филм со исто име; сѐ уште не е дистрибуиран.
Биографии
[уреди | уреди извор](на англиски)
- Carrere, Emmanuel. Bent, Timothy. (translator) (2005). I Am Alive and You Are Dead: A Journey into the Mind of Philip K. Dick. Picador. ISBN 0-312-42451-5
- Dick, Ann R. (Former Wife). (1995). Search for Philip K. Dick, 1928-1982: A Memoir and Biography of the Science Fiction Writer. Edwin Mellen Press. ISBN 0-7734-9137-6
- Mason, Daryl. (2006). The Biography of Philip K. Dick. Gollancz. ISBN 0-575-07280-6
- Sutin, Lawrence (Official biographer). (1991). Divine Invasions: A Life of Philip K. Dick. Citadel Press; Rep edition. ISBN 0-8065-1228-8
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]на англиски
- Официјално мрежно место
- Љубители на Филип Дик (есеи и интервјуа) Архивирано на 7 ноември 2006 г.
- Комплетна пиктографска библиографија
- Статија во Отворениот директориум
- Цртан роман од Роберт Крамб Архивирано на 16 ноември 2006 г.
- Мрежно место на лубител со биографија и фотографии
- Филип Дик оживува како робот Архивирано на 14 јануари 2006 г.
- The Second Coming of Philip K. Dick од Френк Роз - есеј во Wired Magazine за филмските адаптации на Диковите дела
- How To Build A Universe That Doesn't Fall Apart Two Days Later - Како да изградите универзум кој нема да се распадне по два дена. Есеј на Филип Дик во кој тој открива дека во стварноста сѐ уште живееме во Римското Царство
- A Very PhilDickian Existence Архивирано на 2 мај 2006 г.
- The Secret Gray-Robed Christians Архивирано на 22 ноември 2005 г.
- Разговор во подкест за значајот на Филип Дик со писалтелите Џонатан Летем и Џош Глен Архивирано на 17 октомври 2006 г.