Рудничко Езеро (вештачко)
Рудничко Езеро Λίμνη Μεταλλείου | |
---|---|
Поглед на езерото | |
Координати | 41°02′06″N 22°26′24″E / 41.035° СГШ; 22.440° ИГД |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Коџа Дере |
Сливни земји | Грција |
Најг. должина | 2 км |
Најг. ширина | 0,1 км |
Површина | 0,2 км2 |
Најг. длабочина | 35 м |
Надм. височина | 275 м |
Рудничко Езеро (грчки: Λίμνη Μεταλλείου, Лимни Металиу) — вештачко езеро во областа, Бојмија, Кукушко, Егејска Македонија. Создадено е со изградбата на брана преку реката Коџа Дере (Мега Рема), притока на Вардар.
Езерото има должина од 2 км и најголема длабочина од 35 метри.[1] Сместено е 15 км северозападно од гратчето Бојмица[2] и 10 км од селото Извор.
На ова место, за време на Втората светска војна постоеле француски рудници кои подоцна се потопени од водата. Некои од окната останале на суво и можат да се видат и денес од крајезерскиот пат.[3]
До езерото се стасува по шумски пат од листопадни дрвја, по падините на планината Пајак. Во Рудничкото Езеро се одвиваат разни рекреативни дејности како велсање со кануа и кајаци, како и риболовот бидејќи истото изобилува со пастрмка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Νομός Κιλκίς, Αξιούπολη[мртва врска]
- ↑ „Λίμνη Μεταλλείου - Νομός Κιλκίς“. kilkis.topodigos.gr. Посетено на 31 октомври 2019.
- ↑ „Η λίμνη του Μεταλλείου“. Ξενώνας Δημοσθένης. Посетено на 31 октомври 2019.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|