Рудник (Велешко)
Рудник | |
Координати 41°50′35″N 21°45′24″E / 41.84306° СГШ; 21.75667° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29064 |
Рудник на општинската карта Атарот на Рудник во рамките на општината | |
Рудник на Ризницата |
Рудник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]- Масакр кај Пуста Кула — злосторнички чин на бугарската војска на 14 септември 1942 година.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рудник живееле 360 жители, од кои 3640 Македонци и 20 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рудник имало 408 Македонци, од кои 280 патријаршисти и 128 под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 42 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 6 Македонци, 1 Србин и 2 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 480 | 501 | 494 | 508 | 385 | 151 | 77 | 47 | 42 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Рудник е македонско село.
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
- Староседелци: Станковци кои се делат на Мерџовци (1 к.), Ѓуровци (2 к.), Бурчевци (4 к.), Грковци (9 к.) и Павлевци (2 к.), потоа, Чакаревци (2 к.), Шарковци (5 к.), Гоговци (2 к.), Бошковци (4 к.), Мишевци (1 к.), Бучуковци (1 к.) и Мечови (1к)
- Доселеници: Анчевци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Каласлари; Басаровци (4 к.) доселени се од селото Сопот; Шумантевци (2 к.) доселени се од селото Иванковци; Шабановци (6 к.) доселени се од Крушје; Кушевци или Србиновци (1 к.) доселени се од Иванковци; Петковци (1 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Лугунци; Дамчевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол во 1918 година од селото Злести во Дебрца. Овде влегол во родот Шабановци.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на здравковиќ росанда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ветерско и Лугунци.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[14]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Рудник
- Панче Бурчевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Перо Грковски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Андреја Басаровски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Атанас Димовски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Душан Димитриевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Јован Басаровски (15 август 1922 — 21 март 1943 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
- Починати во Рудник
- Камка Тоцинова од Велес (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Амед Лојков од с. Иванковци (? - 14 септември 1942) - македонски борец
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 79. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|