Кумарино
Кумарино | |
Општина | Велес |
Население | 52 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29036 |
Кумарино на општинската карта Атарот на Кумарино во рамките на општината | |
Кумарино на Ризницата |
Кумарино — село во источниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е ридско - рамничарско на надморска височина од 340 метри. Се наоѓа во сливното подрачје на реката Отовица, а од градот Велес е оддалечено 9 километри.
Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото Кумарино има изразито полјоделско стопанство при што најмногу е застапено одгледувањето на жита: пченица, јачмен на големи површини, пченка и градинарски култури како тикви за широка продажба и домати, краставици, марули претежно за сопствени потреби и индустриски култури како сончоглед и маслодајна репка на поголеми површини во околината. Во помал дел се одгледува и добиток.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кумарино живееле 130 жители, од кои 70 Македонци и 60 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кумарино имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Турци и 50 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото Кумарино има 74 жители, од кои 73 Македонци и 1 Србин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 46 Македонци и 6 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Населен��е | 130 | 80 | 185 | 219 | 201 | 124 | 102 | 74 | 79 | 74 | 52 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Македонски:
- Доселеници: Секуловци (3 к.) најстар род во селото, не го знаат потеклото; Арсовци (4 к.) доселени се од селото Ново Село; Петрушевци или Пантовци (2 к.) доселени од селото Чалошево; Петковци (1 к.) доселени од селото Отовица; Божиновци (1 к.) доселени од селото Караслари. таму се викале Николовци; Јовановци (1 к.) доселени биле од селото Сојаклари, подалечно потекло од овчеполското село Трстеник.[11]
Турски: (денес целосно иселени)
- Доселеници: Салиовци или Боримечкалар (2 к.) не го знаат потеклото; Елмазовиќ (1 к.) доселени биле од Мамутчево; Кичик (1 к.) доселени биле од Кишино; Ферадовиќ (1 к.) доселени биле во 1910 година од овчеполското село Ќоселари; Алимлар или Алимовиќ (4 к.) не го знаат потеклото.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2186 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на давитков стојан.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
Култура и Спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Иселеници Турци од селото има во Турција.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 157.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|