Прејди на содржината

Рамунас Навардаускас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рамунас Навардаускас
Навардаускас на Трката околу Алберта 2014
Лични податоци
Цело имеРамунас Навардаускас
ПрекарМеден јазовец[1]
Роден30 јануари 1988(1988-01-30)(36 г.)
Шилале,  Литванија
Висина1,90 м
Маса77 кг
Податоци за клубот
Мом. клубДелко
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2007
2008
2009
2010
Клајпеда-Сплендид
Улан
Пиемонт
Вело-Клуб Ла Пом Марсеј
Професионални клубови
2011–2016
2017-2018
2019-
Гармин-Сервело
Бахреин-Мерида
Делко-Марсеј Прованса
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2013) + 1 ТТТ (2012)
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2014) + 1 ТТТ (2011)

Етапни трки

Сиркут де ла Сарт (2014, 2015)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2007, 2011, 2016)
Национален хронометарски првак (2012, 2014, 2015]
Лиеж-Бастон-Лиеж за млади (2010)
Последна промена
16 јануари 2019

Рамунас Навардаускас (литвански: Ramūnas Navardauskas; р. 30 јануари 1988) — литвански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Делко.[2]

По четири години како аматер, Навардаускас станал професионалец со Гармин-Сервело во 2011 година.[3]

Во текот на Џиро д’Италија 2012, Навардаускас завршил на шестото место на првата етапа, на воведниот поединечен хронометар, само 22 секунди зад победникот Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда). На четвртата етапа, на екипниот хронометар, Гармин-Баракуда биле победници и Навардаускас го презел водството на трката, станувајќи првиот Литванец кој ја облекол розовата маичка.[4] Меѓутоа, Навардаускас ја загубил маичката од Италијанецот Адријано Малори (Лампре-ИСД) на шестата етапа.

Досега трипати победил на националните друмски првенства (2007, 2011, 2016) и на националното хронометарско првенство (2012, 2014, 2015).[3]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Роден во Шилале, Литванија, Навардаускас сега престојува во Олива, Шпанија.[3]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2007
1. Национален друмски првак
9. Краен пласман Трка Олимпија
2008
4. ГП Талин-Тарту
2010
1. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
4. Трка околу Фландрија под 23 години
7. Париз-Рубе под 23 години
2011
1. Национален друмски првак
1. Етапа 2 (ТТТ) Тур де Франс
2. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
3. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
7. Сиркут Сарт
2012
1. Национален хронометарски првак
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
2. Краен пласман Трка околу Данска
8. Краен пласман Трка околу Оман
8. Краен пласман Трка околу Катар
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2 (ТТТ)
8. Светско друмско првенство
2013
1. Етапа 2 Тур де Романди
1. Етапа 11 Џиро д’Италија
3. Национално хронометарско првенство
6. Национално друмско првенство
2014
1. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 4
1. Национално хронометарско првенство
1. Етапа 19 Тур де Франс
3. Гран при Квебек
4. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Бодовен пласман
4. Гран при Монтреал
4. Национално друмско првенство
2015
1. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Национално хронометарско првенство
2. Национално друмско првенство
3. Светско друмско првенство
3. ГП Западна Франција
4. Краен пласман Трка околу Баварија
2016
1. Национално друмско првенство
4. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
7. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
8. Трофео Плаја де Палма
2017
7. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
1. Етапа 3 (ITT)
2018
1. Етапа 1 Трка на Црното Море
2. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Џиро 137 87 122
Тур 157 120 141 143 134
Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. Фотерингем, Аласдер (9 мај 2012). „Ramunas "Honey Badger" Navardauskas gobbles up the Giro lead“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 15 мај 2013.
  2. Бали, Кентин (10 декември 2018). „Route - Delko Marseille avec 19 coureurs la saison prochaine“ [Road - Delko Marseille with 19 riders next season]. Cyclism'Actu (француски). Swar Agency. Посетено на 13 јануари 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Рамунас Навардаускас во Гармин-Шарп“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-15. Посетено на 6 јануари 2013.
  4. „Џиро д'Италија 2012: Рамунас Навардаускас ја презема водечката розова маичка“. The Daily Telegraph. Обединето Кралство: Telegraph Media Group. 9 мај 2012. Посетено на 26 април 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Награди
Претходник
Јевгениј Шуклин
Литвански спортист на годината
2015
Наследник
Ауримас Диџбалис