Плева
Плева (латински: gluma) — во основа е ботанички поим и се однесува на лушпестиот дел од класјето на житарки, надворешната обвивка на семето што се образува веќе за време на цветањето. Трици е изразот што ги означува овие лушпи од семе во исхраната.
Во земјоделието под плева се подразбираат сламчињата и лушпите што остануваат по вршењето на жито, а се отстрануваат со веење.[1][2]
Плева како ботанички поим
[уреди | уреди извор]Поимот се користи за мембранозната обвивка на соцветието - првенствено на растенијата од семејството на треви (Poaceae) - што се обраува во пазувите на класјето. Во повеќето случаи, во основата на класјето се наоѓаат две лушпички плева, само ретко друг број, а уште поретко плевата ја нема. Обликот, бојата и другите особини на плевата се меѓу најважните одлики при определувањето на видот на растението.
Лушпичките плева се наоѓаат попречно, на двете спротивни страни, иако поради нивната близина една до друг��, на прв поглед изгледаат како да се сраснати. Во ботаниката се нарекуваат долна и горна плева, а нивниот изглед и големина е важна одлика за разликување на видовите. Горната (Gluma superior) и долната плева (Gluma inferior) се главно исти или малку до значително различни. Понекогаш имаат една или повеќе бразди на нив. На пример, ако плевата е со иста должина, но горната плева има различен број на бразди во однос на долната, ова може да биде клучна одлика за определување на видот.
Плева во исхраната
[уреди | уреди извор]При преработка на житарки во производството на храна, плевата се смета за непожелна состојка, па затоа се фрла и се користи само за добиточна храна. Делумно од ова произлегува фразата во секојдневниот говор „да се одвои зрното од плевата“, т.е. да го разделиме доброто од лошото. Но, ова е неправилна процедура, бидејќи плевата содржи важни минерали и го помага варењето, а денес сè повеќе се користат производи од цело зрно пченица - леб од брашно измешано со плева (леб со трици и интегрален леб).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Татиќ, Б. & Петковиќ, Б. во 1991 година Морфологија на растенијата. Научна книга. Бел град.