Песок
Песокот е природен зрнест материјал што се јавува како маса од ситни камчиња[1] од карпесто или минерално потекло. Составот на песокот во голема мера се разликува од место до место, зависно од релјефот и условите. Во нетропски брежни средени начест составен елемент е силициум диоксидот (SiO2), обично во облик на кварц.
Втор облик на песок по застапеност е калциум карбонатот, као на пример арагонит, создаден во текот на изминатите половина милијарда години претежно од разни живи суштества како што се коралите и школките. Ова е главниот вид на песок во подрачја каде доминирале гребенски екосистеми со милиони години, како што се Карибите.
Состав
[уреди | уреди извор]Според гранулометријата што ја користат геолозите, зрната песок можат да имаат пречник од 0,0625 мм (1⁄16 мм) до 2 мм. За „зрно песок“ се смета сето она што е покрупно од чакал (2-64 мм), а поситно од мил (0,062-0,004 мм).
Стандардот ISO 14688 го дели песокот на ситен, среден и крупен, во опсег од 0,063 мм - 0,2 мм - 0,63 мм - 2.0 мм. Оваа класификација ја следи Крумбајновата Φ-скала, каде Φ = -log2D; D е пречникот на зрното во милиметри. Според оваа скала, вредноста на Φ се движи од −1 до +4, со поткатегории помеѓу целите броеви.
Составот на песокот е различен на различни места. Покрај силициум диоксидот во облик на кварц, тропските и суптропските брегови се одликуваат со светлобели песоци, кои се составени од сронет варовник и може да содржи парченца од корали и школки, покрај други органски или органски изведени материјали, што значи дека образувањето на песокот може да зависи од живите колку и од неживите материи.[2] Споменикот на природата „Бели Песоци“ во Ново Мексико (САД) е познат по својата силна белина, поради тоа што е составен од гипс. Аркозата е песок или песочен камен со значителни примеси на момирок, добиени со абење или ерозија на блиските гранитни карпести изданоци. Некои песоци содржат магнетит, хлорит, глауконит и гипс. Песоците кои се богати со магнетит имаат темна до црна боја, а истото важи и за песоците добиени од вулкански базалт и опсидијан. Со карактеристична зелена боја се одликуваат хлоритно-глауконосните песоци со базалтно потекло (од лава), кои се богати со оливин. Многу видови песоци, особено оние во јужна Европа имаат кварцните кристали со примеси од железо и силна темножолта боја. Песочните наноси во некои подрачја содржат отпорни материјали, вклучувајќи и извесни драги камења.
Песокливи средини
[уреди | уреди извор]Песокот се носи со ветерот и водата и налегнува во облик на плажи, дини, спрудови, насипи и слични образби. Во проточните средини како ситнокаменестите корита на реките и ледничките морени, песокот е присутен заедно со разни други поедри зрнести материјали. Постојат и реки чиишто корита имаа само песок, кога реката нема други покрупе материјал за ��азнесување. Во пустините се обликуваат дини бидејќи единствено песокот е доволно ситен за да се движи со ветерот, натрупувајќи се врз другите неподвижни релјефни елементи. Песокот се среќава и како составен дел од почвата.
Употреба на песокот
[уреди | уреди извор]- аквариуми: како дно наместо камчиња, и како неопходност кај оние со солена вода.
- анимација во песок: изедбена ликовна уметност каде уметникот црта во песок.
- бетон: песокот е главна состојка на оваа значајна градежна смеса.
- вештачки гребени: песок ставен во вреќи од геоткаенини како основа за создавање на нов гребен.
- експлоатација на земен гас: по еден од методите, земјиштето се расцепува со хидраулични направи и де потура округол песок за да ги држи процепите отворени
- земјоделство: песокливите почви се најпогодни за растителни култури како лубеницата, праската и кикириките, како и за интензивно испаша.
- леарство: на посебниот леарски песок му се додава вода или масло и од него се обликуваат калапи во кои се тура течен материјал за леење. Овој вид на песок е издржлив на висока температура и притисок, ги испушта гасовите, и има еднообразни мали зрнца и реагира на метали.
- малтер: песокот се меша со цемент и, понекогаш вар.
- молерисување и бојадисување: песокот се меша со бои за да се добие текстура на ѕидовите и таваните, како и за нелизгавост на подовите.
- наполнети вреќи: песок во вреќи се користи како заштита од поплави и огнено оружје. Вреќите се носат празни онаму кајшто има потреба, и можат набрзина да се наполнат со локалниот песок.
- одржување на плажите - кога водата и временските прилики го носат песокот и ги соголуваат бреговите.
- патишта: песокот се фрла на патиштата за да се спречи лизгање на возилата кога ќе се јават голомразици.
- пејзажно уредување: ритчиња и косини (на пр. кај терените за голф).
- песочни замоци: обликувањето на замоци и други градби е популарна разонода на плажа.
- пруги: железничарите ставаат песок на шините за да го подобрат фатот на тркалата.
- стакло: песокот е главна состојка на стаклото.
- филтрирање на водата: песокот се користи како филтер за пречистување и добивање на питка вода
- цигли: се изработуваат со додавање на песок во глина и други материјали.
- шмирлање и пескарење: зрна песок во разни големини се користат како абразив во чистењето, рамнењето и мазнењето на материјалите. Кај шмирглите, песокот има еднообразна големина и рамномерно се налепува на хартија.
Песокот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Понекогаш, песокот се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Песокот и свети Петар“ (Пијесак и свети Петар) - српска народна приказна.[3]
- „Книга од песок“ - збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1975 година.[4]
- „Плажа песок сонце плажа“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[5]
- „Зборови на песокот“ - песна на францускиот поет Виктор Иго.[6]
- „Збирка од песок“ - книга на италијанскиот писател Итало Калвино од 1984 година.[7]
- „Тажен цвет во песокот“ - американски документарен филм за Џон Фанте.[8]
- „Загатката на песоците“ - книга на писателот Ерскин Чајлдерс.[9]
- „Песокот и пената“ - песна на либанскиот поет Халил Џубран.[10]
- „Предел со зрнце песок“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[11]
- „At the End of the Sand“ - песна од истоимениот албум на македонската поп-рок група „Bei The Fish“ од 2012 година.[12]
- „Песок“ (Sand) - песна на американското дуо Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Ли Хејзелвуд (Lee Hazlewood) од 1968 година.[13]
- „Замоци направени од песок“ (Castles Made of Sand) - песна на рок-групата „Џими Хендрикс Експириенс“ (The Jimi Hendrix Experience).[14]
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Песок“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „песок“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Во образувањето на песокот играат улога и морските треви Архивирано на 1 јули 2017 г. - Susanscott.net, 1 март 2012 (англиски)
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 368.
- ↑ Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015.
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 65-66.
- ↑ Лилјана Узуновиќ, „Читателот во земјата на романите или за нишката на Шехерезада“, во: Итало Калвино, Ако една зимска ноќ некој патник. Скопје: Магор, 2012, стр. 226.
- ↑ „Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, Прашај ја правта. Скопје: Темплум, 2008, стр. 248-249.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 95.
- ↑ Vislava Šimborska, Svaki slučaj. Beograd: Narodna knjiga, 1983, стр. 121-122.
- ↑ Bei the Fish, At the End of the Sand, PMG Recordings CD 081, 2012.
- ↑ DISCOGS, Nancy & Lee* – Nancy & Lee (пристапено на 1.3.2020)
- ↑ The Jimi Hendrix Experience, Axis: Bold as Love, SomeWax Recordings, SW043-2, 2001.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ISO-стандард за песок (англиски)
|