Лукас Пападимос
Лукас Пападимос Λουκάς Παπαδήμος | |
---|---|
Prime Minister of Greece | |
На должноста 11 ноември 2011 – 16 мај 2012 | |
Претседател | Карлос Папулас |
Заменик | Теодорос Пангалос Евангелос Веницелос |
Претходник | Јоргос Папандреу |
Наследник | Панајотис Пикраменос |
Вицепретседател на ЦЕБ | |
На должноста 31 мај 2002 – 31 декември 2010 | |
Претседател | Вим Дизенберг Жан Клод Трехт |
Претходник | Кристијан Ноер |
Наследник | Виктор Констанцио |
Гувернер на Грчката банка | |
На должноста 26 октомври 1994 – 31 мај 2002 | |
Претходник | Јоанис Бутос |
Наследник | Николаос Гарганас |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 октомври 1947 Атина, Грција |
Партија | независен |
Сопружник | Сана Инграм |
Живеалиште | Вила Макимос |
Установа | Институтот за технологија на Масачусетс |
Професија | економист професор |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Портал | Мрежно место |
Лукас Пападимос (грчки: Λουκάς Παπαδήμος) е грчки економист, поранешен директор на Грчката народна банка, поранешен потпретседател на Европската централна банка. Од 10 ноември 2011 до 16 мај 2012 година е премиер на Грција[1].
Лукас Пападимос е роден на 11 октомври 1947 година во Атина. Во 1970 години дипломирал физика на Институтот за технологија на Масачусетс, во 1972 година станал магистер по електротехника, а во 1978 доктор по економија.
Од 1975 до 1984 година предавал економија на американскиот Универзитет „Колумбија“, а од 1988 до 1993 и на Атинскиот универзитет. Во 1980 станал економски советник на Банката за федерални резерви од Бостон, а во 1985 година е именуван за главен економист на централната Банка на Грција. Во 1993 година бил избран за заменик гувернер на Банката на Грција, а во 1994 година и за нејзин гувернер. На оваа должност останал до 2002 година, кога бил избран за потпретседател на Европската централна банка (ЕЦБ). ЕЦБ ја напуштил во 2010 година кога станал советник на досегашниот грчки премиер Јоргос Папандреу. Во моментов е ангажиран како визитинг професор на Факултетот за администрација „Кенеди“ при Универзитетот „Харвард“.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Лукас Пападимос“ на Ризницата ? |
|