Од Википедија — слободната енциклопедија
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2016 — 102. издание на велосипедската еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, која се одржала на 24 април како тринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја и четврт велосипедски монумент во сезоната. Трката била на самиот крај на пролетната класична сезона.
Се одржала на патека долга 248 километри, која започнала во Лиеж, упатена кон Бастоњ и се вратила во Лиеж пред да заврши во Анс. Рутата вклучувала многу ридови, особено во завршните 70 километри, кои биле главна потешкотија на трката. Првично требало да се одржи на патека долга 253 километри, но поради лошите временски услови била скратена. Алехандро Валверде (Мовистар Тим) бил бранител на титулата и бил меѓу фаворитите за победа, по неговата победа на Флеш Валон претходната недела.
Одлучувачкиот потег на трката бил на завршното искачување, каде Михаел Албасини (Орика-ГринЕЏ) отпочнал бегство. Групата од четворица спринтала за победа, при што Ваут Пулс (Тим Скај) победил пред Албасини и возачот на, Лампре-Мерида Руј Кошта.
Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[1] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7) |
|
[2]