Тур де Свис 2016 (именувана и како Трка околу Швајцарија 2016) — 80. издание на велосипедската етапна Тур де Свис, која се одржала помеѓу 11 и 19 јуни како деветнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]
Била освоена од колумбискиот велосипедист Мигел Анхел Лопес.
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Четири други професионални континентални екипи биле дополнително поканети и на трката настапиле вкупно 22 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4) |
|
На Тур де Свис 2016 биле доделени три различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2016 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со светлосина маичка. За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.
Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црна маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.
Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.
- Забелешки
- На етапата 2, Јирген Рулантс, кој бил втор во бодовниот пласмна, ја носел црната маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Мартин Елмигер, кој бил втор во пласманот за најдобар швајцарски возач, ја носел црвената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
- На етапата 3, Мартин Елмигер, кој бил втор во пласманот за најдобар швајцарски возач, ја носел црвената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на првото место) ја носел црната маичка како предводник на бодовниот пласман.
- На етапата 4, Фабијан Канчелара, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел црната маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Силван Дилје (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на пласманот за најдобар швајцарски возач.
- На етапата 5, Максимилијано Ричезе, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел црната маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.