Кучокостејка
Кучокостејка Μύλος | |
---|---|
Координати: 40°54′N 22°54′E / 40.900° СГШ; 22.900° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 84 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 247 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кучокостејка (грчки: Μύλος, Милос, до 1926 Κουτσοκωσταίικα, Кучокостејка)[2] — село во Општина Кукуш ��о Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа јужно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 189 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото било изградено по крајот на Грчката граѓанска војна. Во 1962 година било преименувано во Милос, кое во превод значи „воденица“, поради тоа што на местото каде била изградена населбата некогаш се наоѓала воденица на мала река која се вливала во реката Галик[3].
Демографија
[уреди | уреди извор]За првпат селото се јавува на пописот од 1961 година кога во селото живееле 73 жители, во 1971 живееле 65 жители, во 1981 живееле 45 жители и во 1991 броело 50 жители. Денеска, населението на селото е 247 жители[4].
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 73 | 65 | 45 | 50 | — | 247 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καβακλή - Πέρινθος
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf
|