Прејди на содржината

Кратово

Координати: 42°04′N 22°11′E / 42.067° СГШ; 22.183° ИГД / 42.067; 22.183
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратово
Панорамски поглед кон Кратово
Панорамски поглед кон Кратово
Знаме на КратовоАмблем на Кратово
Амблем
Прекар(и): Градот на кулите и мостовите
Кратово is located in Македонија
Кратово
Кратово
Местоположба во Македонија
Координати: 42°04′N 22°11′E / 42.067° СГШ; 22.183° ИГД / 42.067; 22.183
ЗемјаМакедонија Македонија
Регион Североисточен
ОпштинаГрб на Општина Кратово Кратово
Управа
 • ГрадоначалникТодорче Николовски[1]
ВМРО-ДПМНЕ
Површина
 • Вкупна376 км2 (145 ми2)
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2021)[2]
 • Вкупно5,791
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.1360
Повик. бр.+389 031
Рег. таб.KR
Светец-заштитникСвети Ѓорѓи Кратовски
Мреж. местоkratovo.gov.mk/

Кратовоград во Североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]
Глетка на Кратово
Кратовска (Табачка) Река со еден од неколкуте стари камени мостови во центарот на Кратово

Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од Османлиите. Во времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Античка и средновековна историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во византиско време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во кое се наоѓа градот“. Како сведоштво за животот и значењето на Кратово во античкиот и средновековниот период како важно рударско средиште, се остатоците од рудниците и големиот број подземни тунели и премини кои ги поврзувале и од кои се ископувала и пренесувала рудата.

Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под српска надвласт со градот властувал деспотот Јован Оливер.

Глетка на дел од Кратово од Радин Мост

За постоењето на Кратово раскажувал Хомеровиот еп „Илијада“ во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар.

Османлиски период

[уреди | уреди извор]

Во втората половина на XIV век, Кратово потпаѓа под Османлиското Царство. Во XVI и во XVII век, во составот на новоосвоените територии на Османлите, градот станал подрачен центар.[3] Во XVI и XVII век овде се ковале сребрени пари. Градот го посетил и турскиот султан Мурат. Според еден попис од 1570 година, може да се види соодносот на етничкиот состав на населението по домаќинства. Во документот било забележано дека имало 328 христијански семејства, 292 муслимански, 37 еврејски и за првпат се забележани десет ромски семејства. Познатите турски патписци, Хаџи Калфа и Евлија Челебија во своите белешки Кратово го опишуваат како град во кој се ковале монети и дека во тој период градот имал 800 куќи, 350 дуќани, 20 мали и поголеми џамии, медреса, теќиња, амами, чешми и друго. Монетарниците кои датирале уште од Римскиот период, по доаѓањето на Турците, најдоцна во времето на султанот Бајазит I (1481 - 1512 г.) повторно биле активирани и во наредните два века во нив се изработувале монети со ознака „К“, што значи дека се изработени во Кратово.[4] Од 1689 до 1805 градот бил запустен. По Австроунгарската војна од 1689-1690 година и Карпошовото востание, градот бил опустошен, а рударските окна затворени. Во почетокот на XIX век Злетово станало центар на рударството и во Кратово сосема престанала рударската дејност.

Географија

[уреди | уреди извор]

Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, помеѓу општините Крива Паланка,Ранковце, Пробиштип, Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричанеи Кочани, во западниот дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Кратовска Река и три помали реки.

Кратово е поврзан со регионалниот пат „Р-1205“, кој овозможува поврзување на градот со другите магистрални патишта:

Кула во Кратово
Кратово некаде пред 1926 г.

Климата е умерено континентална и планинска, поради надморската височина на градот. Во стругата на Крива Река се чувствува влијанието на Вардарската долина и Средоземјето.

Температурата на воздухот се разликува во летниот период во однос на зимскиот период. Максималната температура во летниот период е 38,5°С, а минималната во зимски период е -16,5°С, просечно температура изнесува 11,3 °С.

Врнежите се движат од 550 мм до 750 мм воден талог на 1м², во зависност од апсолутната височина. Најизразени врнежи има во април, мај, октомври и ноември, а најсушни се месеците - август, септември и февруари. Кратово спаѓа под влијание на југозападни ветрови кои доведуваат до топло и врнежливо време, а североисточните ветрови дуваат од планинските делови и условуваат суво и ладно време.

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кратово живееле 4.500 жители, од кои 2.500 Турци, 1.900 Македонци и 100 Роми.[5]

По 1912 година голем дел од Турците се иселиле, така што Кратово се претворило во мала градска населба која во 1931 година имала само 1.883 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 1.600 Македонци и 150 Турци.[7]

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Кратовскиот срез имало 23.961 жител, од кои 1.925 во градот Кратово, 1.509 во Пробиштип и 20.527 во селата (Кратовско, Злетовска Река). Од етнички аспект, населението го сочинувале 23.357 (97,4 %) Македонци, 262 Роми, 115 Турци, 59 Срби и 168 останати.[8]

Според пописот од 2002 година, во градот Кратово живеат 6.924 жители.[9]

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 6.924 жители и спаѓал во групата на мали градови.[10] Етнички гледано, населението е составено од:[9]

Етнички групи[9]
Македонци
  
97,11 %
Роми
  
2,18 %
Срби
  
0,39 %
други
  
0,19 %
Турци
  
0,12 %
Власи
  
0,01 %
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 6.724 97,11
Турци 8 0,12
Роми 151 2,18
Власи 1 0,01
Срби 39 0,39
други 13 0,19
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[9]:

Јазици[9]
македонски
  
96,89 %
ромски
  
2,48 %
српски
  
0,33 %
други
  
0,14 %
турски
  
0,12 %
влашки
  
0,01 %
бошњачки
  
0,01 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 6.709 96,89
турски 8 0,12
ромски 172 2,48
влашки 1 0,01
српски 23 0,33
бошњачки 1 0,01
други 10 0,14
Вероисповед

Во Кратово се застапени следните религиски групи[9]:

Религија[9]
Православие
  
96,71 %
Ислам
  
2,50 %
други
  
0,75 %
Католицизам
  
0,03 %
Протестантство
  
0,01 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 6.696 96,71
Муслимани 173 2,50
Католици 2 0,03
Протестанти 1 0,01
други 52 0,75

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кратово брои 5.791 жител, од кои:[2]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 5.401 93,27
Албанци 3 0,05
Турци 0 0,00
Роми 99 1,71
Власи 1 0,01
Срби 11 0,19
Бошњаци 0 0,00
останати 17 0,29
лица без податоци 259 4,48

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кратово:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.925—    
19531.993+3.5%
19612.411+21.0%
19713.735+54.9%
19815.442+45.7%
ГодинаНас.±%
19916.528+20.0%
19946.481−0.7%
20026.924+6.8%
20215.401−22.0%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.925
1953 1.754 0 108 100 1 8 22 1.993
1961 2.229 4 89 24 65 2.411
1971 3.566 0 15 82 27 45 3.735
1981 5.255 0 24 103 0 33 27 5.442
1991 6.326 1 7 144 1 35 14 6.528
1994 6.308 0 7 135 0 22 9 6.481
2002 6.724 0 8 151 1 27 0 13 6.924
2021 5.401 3 0 99 1 11 0 17 259 5.791

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Барање за електрификација на градот Кратово од централата на рудникот „Злетово“, потпишано од граѓаните и членовите на Народноослободителниот одбор во Кратово. (11.12.1944)

Според истражувањата од 1931 година:

Во 1931 година во Кратово имало 172 семејства или 350 домаќинства. Од нив, 49 семејства (135 домаќинства) биле старинци и 123 семејства (215 домаќинства) доселеници.

Македонци: Старинци се следниве семејства: Ашчи-Крстовци (6 домаќинства) кои се сметаат за еден од најстарите семејства. Се зборувало дека водат потекло од семејството на Св. Ѓорѓи Кратовски. Реповци-Коко-романци (3), Караванци (2), Божиковци (3), Џамѓозци (4), Бојчевци (2), Дрневци (8), Борнарци (1), Маќевци (7) и Кондевори (5). Во сите овие семејства имало почитувани луѓе, попови и економисти. Шешперци (2) кои биле угледни трговци со масло и тргувале со Солун. Миќевци (4) - и од оваа семејство имало угледни луѓе и трговци. Дудушци-Цветинчеви - од оваа семејство имало кујунџии (изработувале предмети и украси од злато и сребро). Стевчеви (2) - од оваа семејство бил прв учител во Кратово во 19 век, Пардуовци (1), водат потекло од некој Грк, Панчевци (2), Котревци (7), Рамевци-Суќевци (3), Џашикци (2), Бајевци (3), Мангровци (2), Чукчукци (2), Билковци (3), Бидици (4), Дејановци (2), Тричковци (8), Томчевци (2), Канчевци (2), Трпковци (1), Велин Поцевци (3), Чаневци (3), Чепишовци (2), Гаџевци (5), Брборковци (3), Дудевци (1), Буреци (1), Шљакневци (2), Белокапци (1), Боцинчевци (1), Аџи-Митевци (1), Лесевци (2), Граматикци (1), Маџарци (4), Џоневци (1), Магаришчарци (3), Бошевци (2), Дупиновци (2), Симоновци (2), Сентовци (1), Пенџуклијци (1), Фикинче (1), Трте (1), Мојсејчевци (1) и Мирчевци (1). Сите овие семејства се Македонци и Срби со православна верoисповед.

Турци: Што се однесува за турското население, по народно предание меѓу турските семејства имало и такви кои се населиле веднаш по заземањето на Кратово од страна на Турците. Еден член од турското семејство Сулејман-бегови зборувал за тоа како нивното семејство години наназад се доселиле во Муратово време од градот Коња од Мала Азија. Стари доселеници, доселени пред 18 век припаѓаат уште и овие семејства: Заимци, Семурлаовци, Змичевци, Демир-Алијски, Анабешпара, Едиповци, Јантевци, Батија-беговци и Асан-ефендијски. Сите овие семејства зборувале за тоа дека нивните предци биле доселени од Мала Азија. Доселени во Кратово по 17, 18, XIX и XX век. Во 17 век се доселиле овие семејства: Петревци-Поп-Андоновци (2) и Манговци (2) од Прилепско, Грозданци-Топуци (7) и Поп-Димитријевци (2) од Самоков, Бугарија. Овие доселеници зборувале за тоа дека нивните предци биле попови или угледни трговци и го бранеле народот од турските зулуми и се замериле со тогашните Турци. Затоа го напуштиле својот крај и се населиле во Кратово, каде тогаш населението поради рудниците имале поголема слобода. По сѐ изгледа Кратово во 17 век било некој вид на засолниште на христијаните.

Во 18 век, поради турската анархија и навлегувањето на Арнаутите на исток, христијанското население бегало испред нив и се засолнувале во планинските предели кои биле подалеку од главните комуникациски артерии (како што е случај со Кратовскo-Злетовската област). Оттогаш во овој век има доселеници од Дебарски, Тетовски и Врањски крај во оваа област, па и во самото Кратово. Тогаш во Кратово биле доселени овие семејства: Глигоровци (2) од Дебарско, Наковци-Ѓоревци (4) од Тетовско. Оваа семејство било многу плодно. Една жена родила 18 деца, Голубанци (10), од блиското село Врбица, а таму од Врањско, Ковачи (2) доселени од Горно Кратово, а таму од Врањско. Сите овие доселеници зборувале за тоа дека нивните предци побегнале од својот крај поради тоа што убиле некој Арнаутин што правел зулуми, и бегајќи од нив поради освета, се доселиле во Кратово или некое кратовско село под заштита на кратовските бегови. Во 18 век не работеле кратовските рудници и тогаш Турците околните села ги претвориле во чифлици. Затоа во овој век кратовските бегови ги примале доселениците од подалечни области и ги заштитувале од освета под услов тие да постанат нивни чифчии. Подоцна некои од овие доселеници преминале во градот, што е случај со споменатите семејства Голубанци и Ковачи. Од блиските села во 18 век се доселиле овие семејства: Чачерци (6), Деспотовци (3), Тошевци (4) од Куклица; Миладинци (8) од Тополовиќ. Овие доселеници зборувале за тоа дека нивните предци се доселиле во Кратово како слуги кај беговите.

Во 18 век доселени се и некои турски семејства и тоа: Грошчијци - една од најпочитуваните и најмоќните семејства во Кратово. Се доселил некој Грошчија околу 1720 година од Дупница, Бугарија, како државен чиновник; Насфовци (2), се доселил некој Шамли-Мемет од Шан, Дамаск, Атула-ефендијски, доселени од Ќустендил, Бугарија.

Причина за доселувањето на населението во првата половина на 19 век во Кратово било обновувањето на рудниците и потребата за работа во нив. Голем број на работниците од соседните области кои работеле во рудниците, во првата половина на 19 век се населиле и во Кратово. Од тие доселеници припаѓаат овие семејства: Газдевци (2) од Скопско, Игњатци (2) од Кумановско, Пезовалијци (2) од село Пезово, Овче Поле. Тогаш во Кратово се населиле и некои занаетчии од соседните градови, и тоа: Аџи Костевци (4) од Крива Паланка, како сапунџии, Бурекци (2) и Каќевци (2) од Штип. Први се доселиле како бојаџии, а втори како кујунџии, Шатевци (1) од Кочани. Кратово во првата половина на 19 век привлекло и значителен број на семејства од блиските села, и тоа: како (надзорници во рудниците) Калинци (3) од Близанци, Ристовци (1) од Шлегово и Наковци (3) од Пишица; како работници во рудниците, Соколовци (3) од Добрево и Заровци (2) од Плешенци. Некои дошле како слуги „ешекчии“ и од нив се семејствата: Терзијци (2) и Тасковци (2) од Карвачко, Баштеванци (2), Шантртаци (3), Кукавичини (2) и Доролејчевци (2) од Шлегово, Ајдук-Илевци од Лесново, Марковци (3) од Пробиштип, Блажевци (1) од Куклица, Бубинци (1) од Железница, Томчевци (2) од Стрмош, Тодорци (1) од Горно Кратово, Маџевци (1) и Поп-Павлевци (1) од Крилатица. Меѓу доселениците од блиските села има и такви кои таму биле доселени од подалечни области, а тоа се: Шапкалијци (5) од Туралево, а таму од Врањско, Павленцевци (2) од Нежилово, а таму од Врањско и Јакимовци (1) од Лесново, а таму од Кочанско.

Во првата половина на 19 век се доселиле овие турски семејства: Мамут-аговци (2) од Призрен и Ганиски (2) од Карадаг, Кумановско.

Посилно било доселувањето ��о Кратово во втората половина на 19 век, особено од блиските села, иако работата во рудниците престанала во средината на истиот век. Тогаш населението во селата било несигурно поради ајдучките и комитските акции, а и тежнението на селанецот за подобар и „полесен“ живот. Во втората половина на 19 век се доселиле следниве семејства од околните села: Јаневци (2) од Приковци, Кацарци (2), Мајстор (1), Борнарци (2), Пазавантин (1) и Сипкини (2) од Шлегово, Стојмир (1) од Филиповци, Ковач (1) од Карвачко, Вучки-Анџијски (3) и Великденчевци (2) од Талашманце. Последните во селото Талашманце се доселиле во 18 век од селото Петралица, Славиште, Шангаловци (3) од Петршино, Јаниќевци (1) од Лесново, Мачорци (2), Тренчевци (2) и Јаневиќ (1) од Близанци. Првите две семејства се доселени во оваа село во 18 век од Врањско, Апостоловци (1) од Туралево, Борнарци (2) и Ѓурезарци (1) од Мушково, Плешенци од Плешенци, Воденичар (1) од Древено, Севастијин (1) од Живалево, Скендер (1) од Пробиштип, Кусомарчин (1) од Барбарево. Во оваа време доселени се некои семејства од поблиските и подалечните градови како занаетчии, и тоа: Цревар (1) од Велес, Паланчанци (1) од Крива Паланка - како самарџија, Калајџија (2) од Крушево - како калајџија.

Поради ајдучките и комитските акции, Турците кои во помал број биле населени во околните села, ги напуштаат селата во втората половина на 19 век и се доселуваат во Кратово. Тогаш дошле: Малик и Зариф (2) од Приковци, Бато (1) од Страцин и Добревци (2) од Добрево. Во 1878 година во Кратово се населиле и 20 домаќинства, Турци-мухаџири од Бугарија. Во Кратово им било дадено куќи и земја каде што подигнале лозови насади. Денес каде што во минатото се наоѓале лозовите насади, местото се нарекува „Маџарски Лозја“. Во втората половина на 19 век биле доселени и некои муслимански семејства од Босна. Едно од тие семејства е и Фејзула-Амет (1), доселено од Сараево. Во втората половина на 19 век биле доселени и останатите „турски“ Роми, како што се: Беќировци (2), Адим (1) и Асановиќ (1) од Ќустендил, Бугарија Таировиќ (1), Ибраим (1) и Јашаровиќ (1) од Крива Паланка, Реџеповци (2) од Врањско и Адемовиќ (1) од Злетово.

Доселувањето продолжува и во 20 век, но само од околните села. Во 20 век се доселени следниве семејства: Самарџија (1) и Кацар (1) од Шлегово, Воденичар (2), Чолаци (2), Говедар (1) и Млачани (4) од Горно Кратово, Фурунџија (1) и Стуболски (1) од Горни Стубол, Нежиловски (2) и Нежиловци (2) од Нежилово, Ванкин (1) од Петршино, Пржевци (1) од Плешанце, Американац (1) од Секулица, Воденичар (1) од Тополовиќ, Близански (1) од Близанци, Димитријевиќ (1) од Вакав, Палагијин (1) од Трновац, Врбичански (1) од Врбица, Алт’нчеви (2) од Железница. Од подалечни краеви во 20 век биле доселени само две семејства: Арсиќи од Прокупље, Србија како учител и Спајиќ од Црна Гора како чиновник.[6]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Развојот на Кратово започнува во втората половина на XX век. Меѓу значителните претпријатија од тоа време, се комбинатот „Силекс“, фабриката за брусеви и брусно платно „Иднина“, модната конфекција „Кратовчанка“ и други производни капацитети, во кои почнало поширокото вработување. Во транзицијата се затвориле сите поголеми производни капацитети. Градот има невработени 1.899 лица.[11] Денес од поголемите претпријатија во Кратово работат: „АДК РИК-Силекс“, состав на повеќе профитни центри и „Иднина“, производство на брусеви, брусно платно и хартија. Градот има 150 трговски друштва и 4 текстилни погони. Во гранката на земјоделието, најзастепени се културите пченица и јачмен. Градот е аграрно-индустриски[3].

Улица во Кратово
Саат-кулата во Кратово

Кратово во средниот век бил познат по својата Кратовска книжевна школа, кои заедно со книжевното училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од XII до XIV век. Во училиштата се препишувале стари книги и се пишувале нови текстови од црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.

Споменик на Свети Ѓорѓи Кратовски во центарот на Кратово

Кратово ги има следниве културни установи: музеј на град Кратово, домот на културата и градска библотека. Од образовни институции има, едно средно училиште ДСУ „Митко Пенџуклиски“, детската градинка „Царка Андреева“, интернат, приватно училиште за странски јазици и едно основно ОУ „Кочо Рацин“.

Во Кратово има три православни цркви. Во време на турското владеење градот имал преку 20 цркви, од кои се пронајдени остатоци.

  • Црквата „Св. Никола Чудотворец“ во Царина маала, обновена во 1848 год.
  • Црквата „Св. Јован Претеча“ во Рибарското маало (дело на мијачкиот мајстор Андреја Дамјанов),[12] обновена во 1836 год. и
  • Црквата „Св. Ѓорѓи Кратовски“ сместена во старите гробишта. Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за светец од Кратово од XVI век „Св. Ѓорѓи Кратовски“, кој поради својата вера во христијанството бил спален 1515 год. во Софија. Во негова чест и слава и во чест на зачекорувањето во третиот сехристијански Милениум, Советот на општината Кратово го прогласил празникот „Свети Ѓорѓи Кратовски” за патронен празник на градот кој се слави на 24 февруари, а светецот „Свети Ѓорѓи Кратовски” станал симбол и заштитник на градот и општината и во негова чест во центарот на Кратово е поставен него споменик.
  • Во центарот на градот се наоѓа бистата на гемиџијата Павел Шатев.[13]

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Куќа со традиционална архитектура во Кратово

Кратово е изградено со типична староградска македонска архитектура и е познато по своите кули и мостови. Според некои претпоставки, во минатото, во Кратово имало дури 13 кули, од кои најголема е Симиќевата кула.[13] Во градбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од чардакот зависела и обликата на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за загревање на просториите и за готвење храна.[3]

Археолошки наоѓалишта

[уреди | уреди извор]

Извор:[14]

Културни настани

[уреди | уреди извор]

Кратово има радио станица Радио Кратово, која ја објавува информативната дејност во општината и градот. Градот има две државни и две приватни телевизиски станици кои работат на територијата на целата држава и една кабловска телевизиска станица „Крателсат”.

Спорт и рекреација

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на градот е покриено со природно зеленило, располага со убави излетнички места, како: планината „Лисец“ и „Буковец“ и долината на реката Злетовица и Крива Река. Градот го има хотелот „Кратис” и повеќе угостителски објекти и градски олимписки базен во сопственост на АД РИК „Силекс”-Кратово.

Во градот има, една спортска сала, фудбалски стадион на Фудбалскиот клуб „Силекс”, кој се натпреварува во Првата Македонска фудбалска лига. ФК Силекс во минатото освоил три шампионски титули и два купа на Македонија. Исто така, има и два женски ракометни клуба: РК „Кратово” и РК „Добра Вода”, кои се натпреваруваат во Првата Македонска ракометна лига, карате клуб и шаховски клуб „Кратово“.[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Кратово
Починале

Кратово како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Кратово виа Бразил“ - песна на македонската група „Љубојна“ од 2017 година.[19]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
  2. 2,0 2,1 „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 6 јуни 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Општи информации за Кратово“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-05-09. Посетено на 2009-05-02.
  4. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.39
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221.
  6. 6,0 6,1 Т. Ђорђевић – Кратово, Посебна издања Географског друштва, св. 11, Београд 1931
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 12 мај 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. ��тр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  11. АВРМ - Центар за вработуванје Кратово,30.10.2006
  12. Александар Матески, „Кратово и Куклици“, Економија и бизнис, година 20, број 234/235, декември 2017/јануари 2018, стр. 109.
  13. 13,0 13,1 Александар Матески, „Кратово и Куклици“, Економија и бизнис, година 20, број 234/235, декември 2017/јануари 2018, стр. 108.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 187, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. „Лесновски ѕвона" ечеа во чест на кратовскиот поет Чедо Јакимовски. Архивирано од изворникот на 2015-06-08. Посетено на 2015-06-07.
  16. Во Кратово вечерва почнува културната манифестација „Златни денови“[мртва врска]
  17. Се одржа манифестацијата „Ден на компирот“ во Кратово
  18. Алексовска Неделковска, Соња. „НА КОНЦЕРТОТ ВО ЦЕНТАРОТ „САВА" Есма блесна пред некогашните сограѓани“. Дневник. Посетено на 2010-10-05.
  19. Соња Алексоска Неделковска, „Со енергијата ќе ги дигнеме сите на нозе“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]