Прејди на содржината

Краснојарск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на центарот на Краснојарск од воздух.

Краснојарск (руски: Красноя́рск) — град во северноцентралниот дел на Русија, во Краснојарски крај, со околу 960.000 жители. Сместен е во горниот тек на реката Јанисеј.

Историја

[уреди | уреди извор]

Краснојарск бил основан од страна на Козаците во 1628 г. Кон крајот на 17 век бил честа цел на напади организирани од страна на Татарите и на Киргизите. Во текот на 1890 година изградбата на Транссибирската железница значела период на забрзан развој на градот. Краснојарск важи за комерцијален и индустриски центар, а во неговата околина е сместена една од најголемите хидроцентрали во светот, која била изградена во текот на 60-тите години на XX век.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Населението по години изнесувало:[1][2]

1897 26,600 1962 465,000 1982 833,000 2000 875,500 2010 973,826
1923 60,400 1967 576,000 1986 885,000 2001 875,900 2011 979,600
1926 69,300 1970 648,100 1989 912,600 2003 909,300 2012 997,316
1939 186,100 1973 707,000 1992 925,000 2005 917,200 2013 1,016,385
1956 328,000 1976 758,000 1996 871,100 2008 936,400 2014 1,035,528
1959 412,000 1979 796,300 1998 875,300 2009 948,500 2017 1,083,865[3][4]
  1. „За 2008 год население Красноярска увеличилось на 1,2% / Новости /“. Newslab.ru. Посетено на 2013-03-26.
  2. Народная энциклопедия "Мой город". Красноярск (Красноярский край) (руски). Mojgorod.ru. Посетено на 2013-03-26.
  3. Предварительная оценка численности постоянного населения на 1 января 2017 года и в среднем за 2016 год по городским округам и муниципальным районам Красноярского края
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-04-09. Посетено на 2019-10-21.