Прејди на содржината

Цариград

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Константинопол)
Карта на Цариград

Цариград (старословенски: Цѣсарьградъ, црковнословенски: Царьгра̀дъ) или Константинопол (старогрчки: Κωνσταντινούπολις — „Константиновград“) — престолнина на Римското Царство (330395), Византија (Источно Римско Царство) (3951204 и 12611453), Латинското (12041261) и Османлиското Царство (14531922). Официјално, од 1930 година, градот станал престолнина на новата Турска држава под името Истанбул. Градот бил основан од страна на римскиот цар Константин I Велики кој барал нова престолнина. Во неговата изградба учествувале над милион робови. Биле изградени големи и високи ѕидини кои придонесувале внатрешноста на градот да биде скоро недопирлива. Во продолжение на неколку векови, тој бил најголемиот град по жители со население од 12 000 000 жители[1][2][3] .

Историја

[уреди | уреди извор]

Во текот на III век, Римското Царство било опфатено со голема криза. Во тогашни услови, старата престолнина Рим немала услови да опстојува како таква во такви услови. Царот Диоклецијан тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со своето царство раководел од Никомидија во Мала Азија. Неговиот наследник, Константин I Велики бил прв цар кој барал простор за изградба на новата престолнина. Според него, таа требало да се изгради на Босфорот, на местото каде се наоѓал античкиот грчки град Византион. Ова било местото кое Европа ја делел од Азија. Изградбата на новата престолнина започнала во 324 година. Лично Константин бил оној кој го направил планот на градските ѕидини. По само шест години, на 11 мај 330 година бил официјално основан градот под името Цариград или во превод градот на Константин. Од тогаш, тој исто така бил нарекуван и Нов Рим. Подоцна, градот од страна на Словените бил наречен Цариград.

Константин во голема мера го проширил градот и го поделил на 14 реони, започнувајќи со изградба на објекти какви доликувале на една царска престолнина[4]. Сепак, новата престолнина за да наликува на еден нов Рим требало да поминат долги години. Во престолнината немало претори, трибуни или квестори. Исто така во градот не постоеле никакви административни објекти. Новата програма за изградба на градот била спроведена со голема брзина. Голем број на столбови, порти, статуи биле пренесени од различни делови на царството во градот. Едни од најголемите римски и грчки архитекти и уметници се преселиле во новиот град.

Поради добрата стратегиска и географска положба на градот, Цариград станал огромен град за тоа време, скоро половина милион жители. Тој бил изграден во римски дух и традиција. За разлика од стариот Рим, новиот Рим бил не само римски туку и христијански. Во него биле изградени големи дворци, амфитеатри, аквадукти и христијански храмови.

Еден од првите плоштади кои биле изградени од Константин бил Августајон. Новата сенаторска палата била сместена во една базилика на источниот дел од градот. На јужниот дел била изградена императорската палата, со величествена порта на влезот а веднаш до неа се наоѓала палатата Дафне. Во близина на овој комплекс се наоѓал хиподромот кој имал капацитет за околу 100.000 гледачи. Други градби од тоа време биле бањата Зевксипиј и споменикот Милион

Од плоштадот Августајон водела една голема улица која се викала Месе. Овој комплекс се наоѓал на првиот рид од градот. По спуштањето кон Вториот рид од градот, патот водел кон Форумот на Константин, каде се наоѓала Втората сенаторска палата и висок столб на Константин. Од таму се доаѓало до Седмиот рид на градот, преку Златната порта.

Во текот н V век, Цариград бил ограден од уште еден ѕид и се претворил во еден од најдобрите заштитни градови во тоа време. Епископот на Новиот Рим многу бргу го презел врвното место во црковната организација, основајќи ја Вселенската патријаршија.

Во средниот век, градот бил нарекуван и Втор Рим. Византија никогаш не се помирила со улогата како папата во царството. Ова довело и до Големиот раскол од 1054 гофина, кога Халкидонското христијанство било поделено на католицизам и православие.

Првиот познат управител на градот бил Хоноратиј, кој ја презел функцијата на 11 декември 359 година и на таа функција се задржал до 361 година. Царот Валенс ја изградил палатата Хебдомон на брегот од Мраморно Море, во близина на Златната порта на градот. Сите цареви биле крунисувани во оваа палата. Теодосиј I го основал Студискиот манастир, бил изграден столб на Форумот и бил реновиран храмот на Афродита, кој објект бил претворен во куќа за преторот. Во времето на Аркадиј бил изграден нов форум, кој денеска е познат како форум на Аркадиј.

Важноста на Цариград постепено започнала да се зголемува во царството. По Битката кај Адријанопол во 378 година, римската војска доживеала голем пораз од Визиготите. Преку оваа битка царот започнал да размислува за изградба на нови ѕидини. Така во времето на Теодосиј II во 413 година ѕидините биле изградени. Во тоа време бил основан и Цариградскиот универзитет.

Во следните години започнало уништувањето на Западното Римско Царство. Неговите цареви се повлекле во Равена, а Цариград по падот на Рим станал најголем град во царството и светот. Големите богатства од источните земји и западна Азија биле донесени во градот.

Царот Јустинијан I (527-565) во историјата ќе остане познат по своите услеси во војните, неговите големи реформи во царството и големиот број на градби.

Во текот на овој период големо значање започнал да има хиподромот во градот, каде се одржувале трки на коњи. Овде за првпат биле објавувани и новите цареви. По бунтот Ника, започнала да се гради најголемата црква во тоа време, Аја Софија.

Во текот на владеењето на Јустинијан, населението на градот било околу 500,000.

Четврта крстоносна војна

[уреди | уреди извор]
Освојување на градот од страна на крстоносците

Во почетокот на XIII век, односно во 1204 година, Цариград бил завладеан од страна на крстоносците во т.н. Четврта крстоносна војна. Самиот поход бил насочен наместо кон исламскиот свет на Блискиот Исток, туку кон Цариград. Како една од приќините за напаѓање на градот од страна на крстоносците била нивната финансиска зависност од Венеција, чии флоти требало да бидат транспортирани до бреговите на Светат земја. Поради недостаток на финансиски средства, крстоносците биле принудени од страна на Енрико Дандоло за напад кон градот, претходно зазимајќи го Задар.

По преземањето на градот, бил ставен на еден начин крај на Византија. Од нејзините територии биле создадени три царства: Никејско Царство, Трапезунтско Царство и Епирско Деспотство. Во времето на Латинското Царство, Цариград бил изложен на постојано ограбување од страна на крстоносците. Голем број на реликвии, мошти на светци и предмети од религиозно значење биле пренесени на запад во Европа.

Долго време, градот постоел само како град-држава, кој бил опколен од Отоманското Царство.

Под османлиска власт

[уреди | уреди извор]

Војската која го бранела Цариград била мала. Имала околу 7000 луѓе под оружје од кои околу 2000 биле странци. Во моментот кога опсадата започнала, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓе[5]. Градот бил утврден со веројатно најсилните ѕидини кои било кога биле направени во историјата (5,5 км на копно; 7 км ѕидини од страната на Златниот рог и 7,5 км од страната на Мраморното море). Во времето на владеењето на Јован VIII Палеолог ѕидините биле поправени и се наоѓале во задоволително добра состојба. Ова им давало на надеж на бранителите на градот дека ќе можат да издржат додека пристигне помошта од Запад.[6]. Исто така, бранителите биле и добро опремени. Тие поседувале флота од 26 брода (5 од Џенова, 5 од Венеција, 3 од Крит кој во тоа време и припаѓал на Венеција, 1 од Анкона, 1 од Арагон, 1 од Франција и уште десетина византиски бродови.[7]

Опсадата на градот од страна на Османлиите

Се проценува дека Османлиите имале околу 80.000 војници од кои околу 5000 јаничари. Српскиот вазал Ѓураѓ Бранковиќ обезбедил 1500 коњаници како дел од своите обврски кон султанот. Други извори од современици на настанот сметаат дека надмоќта на султанот во оваа битка била многу поголема и неговите трупи ги проценуваат, во зависност од изворот, помеѓу 160.000 и 300.000 војници.[8][9][10] Флотата на султатнот се проценува дека имала помеѓу 100 и 450 бродови.

На почетокот на опсадата, Мехмед ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на Босфор и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу.[11] Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Оттогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон Венеција и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош.

На 3 мај Константин XI испратил еден мал венециски брод кој, носејќи турско знаме, успеал неприметно да излезе од градот. Бродот се вратил во градот на 23 мај, повторно успевајќи да ја надмудри турската морнарица, но вестите кои со себе ги носел не биле добри. По три недели потрага немало никакви знаци дека помошта пристигнува – одбраната на градот е оставена сама на себе. На секој морнар поединечно Константин XI му заблагодарил лично. Тие можеле да отпловат на сигурно, но решиле да се вратат во градот каде ги чекала скоро сигурна смрт.

На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани.[12]

османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мемед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици.

Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако Османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари.[13] Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Nicolo Barbaro „во текот на целиот ден Турците вршеле колеж над христијанското население во градот“.[14] На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот.[15][16]

Најпознати градби

[уреди | уреди извор]
Најпознатата градба во Цариград
  1. BBC - Timeline: Turkey
  2. „Britannica, Istanbul“. Архивирано од изворникот на 2007-12-18. Посетено на 2009-07-13.
  3. „Lexicorient, Istanbul“. Архивирано од изворникот на 2010-09-23. Посетено на 2009-07-13.
  4. A description can be found in the Notitia urbis Constantinopolitanae.
  5. D. Nicolle, Constantinople 1453: The end of Byzantium, 32
  6. Nicolle 2000, p. 39
  7. Sir S. Runciman, The Fall of Constantinople 1453, Cambridge University Press, 1965
  8. Nicolò Barbaro, Giornale dell'Assedio di Costantinopoli, 1453. Копија од делото е зачувана во Biblioteca Marciana во Венеција. Дел од англискиот превод (направен во 1969 г.) е достапен на here Архивирано на 4 февруари 2012 г..
  9. Chronicles of George Sphrantzes; Greek text is reported in A. Mai, Classicorum auctorum e Vaticanis codicibus editorum, tome IX, Romae 1837, pp 1-100
  10. Epistola reverendissimi patris domini Isidori cardinalis Ruteni scripta ad reverendissimum dominum Bisarionem episcopum Tusculanum ac cardinalem Nicenum Bononiaeque legatum (letter of Cardinal Isidore to Cardinal Johannes Bessarion), dated 6 14 јули,53
  11. Runciman 1965, pp. 96-97.
  12. Vasiliev 1952, pp. 651-652
  13. Norwich, John Julius (1997). A Short History of Byzantium. New York: Vintage Books. стр. 380., "...the rape and pillage had already begun... ...by noon the streets were running with blood"
  14. „The Siege of Constantinople (1453), according to Nicolo Barbaro“. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2009-07-13.
  15. Nicolle, David (2007). The Fall of Constantinople: The Ottoman Conquest of Byzantium. New York: Osprey Publishing. стр. 237, 238. "In fact ordinary people were treated better by their Ottoman Conquerors than their ancestors had been by Crusaders back in 1204; only about 4,000 Greeks died in the siege." ... "Mehmet also ordered all looting to stop and sent his troops back outside the walls." In 1453, Constantinople contained approximately 50,000 people when the Ottoman Turks captured the city.
  16. The Fall of Constantinople, 1453