Прејди на содржината

Атик Мустафа-паша џамија

Координати: 41°01′18″N 28°56′38″E / 41.02167° СГШ; 28.94389° ИГД / 41.02167; 28.94389
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Атик Мустафа Паша џамија)
Атик Мустафа-паша џамија
Атик Мустафа-паша џамија
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°01′18″N 28°56′38″E / 41.02167° СГШ; 28.94389° ИГД / 41.02167; 28.94389
Припадностислам
ЕпархијаБалат
Осветен1059
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија, музеј
Завршен1922
Особености
Куполи1
Минариња1

Џамијата Атик Мустафа-паша (турски: Atik Mustafa Paşa Camii или Hazreti Cabir Camii) — поранешна православна црква која се наоѓала во Истанбул, Турција. По падот на Цариград црквата била претворена во џамија. Долго време црквата се идентифицирала со Св.Петар, но сепак за тоа нема доволно докази[1].

Црквата била изградена во 1059 година во времето на Исак I Комнин и долго била сочувувана од различни непригоди. Самата црква се одликувала со својата убавина и самата Ана Комнина запишала дека нејзината мајка Ана Даласена честопати доаѓала овде и ја одржувала својата богослужба. По падот на Цариград, црквата била разрушена од земјотрес во 1509 година. Во 1512 година Коџа Мустафа-паша овој објект го претворил во џамија. Во 1729 година, во Истанбул односно во реонот Балат настанал голем пожар каде џамијата доживеала повторна катастрофа но набргу потоа повторно била обновена. Во 1894 година биле срушени минаретите но истите повторно биле изградени во 1906 година. Последната реконструкција на џамијата била во 1922 година.

  1. Müller-Wiener (1977), p. 83.