Од Википедија — слободната енциклопедија
Камењански Водопади ― низа на водопади на шарпланинската Камењанска Река, над селото Камењане.
Поконкретно, станува збор за девет поголеми (високи од 3 до 12,5-13 м) и бројни помали водопади кои скалесто се редат еден над друг, во должина од 1,5 км.[1] Осумте водопади на Камењанска Река се различни според височината и широчината. Највисокиот водопад е седмиот, кој изнесува околу 12,5 м.[2]
Водопадите имаат тектонско (раседно) потекло, со оглед на тоа што се протегаат покрај доминантниот расед кој ја одделува Шар Планина од Полошко Поле. Освен раседната предиспозиција, водопадите имаат и ерозивен карактер, со оглед на различната отпорност на мезозојските шкрилци и дијабази кои овде наизменично се сменуваат. Така, реката побрзо ги еродирала шкрилците во однос на дијабазите, создавајќи скокови т.е. водопади.[1]