Прејди на содржината

Вртоп (врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вртоп

Поглед на врвот Вртоп во средина, помеѓу Шилиџе (лево) и Трексавец и Кобилица (десно)
Висина &100000000000025550000002.555 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Вртопврв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.555 метри. Се наоѓа на главното било и срт на протегање на Шар Планина на масивот на неколку врвови кој се издига на левата страна на долината на Пена над селото Вешала. Вртоп е претпоследниот врв на запад на гребенот од неколку врвови почнувајќи со Кобилица на почеток на исток, Трескавец, Љубински Уши, седлото Царево Гумно и завршувајќи со Шилиџе на запад.