Заба
Заба Κρίνος | |
---|---|
Координати: 41°4′N 23°34′E / 41.067°N 23.567°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Сер |
Надм. вис. | 25 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 20 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Заба или Замба (грчки: Κρίνος, Кринос; до 1927 г. Ζάμπα, Заба[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 4 км јужно од Сер, на надморска височина од 25 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Основано е во 1924 г. од Грци преселени од Турција на местото на постара чифлигарска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Кринос (Κρίνος).[2] Следната 1928 г., во селото биле сместени 22 бегалски семејства со вкупно 126 жители, колку што имало во пописот од истата година.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува памук, жито, тутун и други земјоделски производи.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 136 | 144 | 138 | 88 | 66 | 52 | 48 | 31 | 20 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Мертатово и Метох.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — парохиски храм[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2024-03-04.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 255.
- ↑ „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 4 март 2024.
|