Евенки
Евенки (претходно име:Тунгузи) се тунгуско-манџуриски народ, кој претежно живее во Кина и Русија. Евенките се претежно со православна вероисповест, но ги зачувале и традиционалните верувања (анимизам, шаманизам). Го зборуваат евенскиот јазик, кој припаѓа на тунгузиско-манџурското семејство на јазици, кое е дел од хипотетичкото алтајското макросемејство на јазици .
Ги има околу 69.000 вкупно, од кои 30.875 се во Кина, 37.843 во Русија и 537 во Монголија .
Население
[уреди | уреди извор]Во Русија живеат 37.843 Евенки (според рускиот попис од 2010 година), [1] и 30.875 во Кина (според кинескиот попис од 2010 година).[2] Тие се наоѓаат и во Монголија каде се познати како Хамниган, според монголскиот попис од 2015 година имало 537 од нив [3]
Во Русија, Евенките сочинуваат значителен дел од населението на поранешниот автономен округ Евенкија (Тунгузија), каде според пописот од 2002 год. сочинувале 22% од населението и претставувале втора по големина нација, по Русите (62%). Сепак, само мал дел од Евенките живеат во оваа област, 3.802 од 35.527 според рускиот попис од 2002 година. Автономијата на овој округ била укината во 2007 година, кога станала една од административните области на регионот Краснојарск.
Јазик
[уреди | уреди извор]Тие з��оруваат евенски јазик (порано наречен тунгуски), кој припаѓа на тунгузиско-манџурското семејство на јазици. На територијата на Русија се користат три дијалекти: северен, јужен и источен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Резултати пописа становништва Русије 2010. Национални састав становништва“ (PDF). 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 10. 12. 2019. Посетено на 24. 02. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Evenk Archives - Intercontinental Cry“. Intercontinental Cry (англиски). Архивирано од изворникот на 05. 01. 2018. Посетено на 30. 6. 2017.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „2015 POPULATION AND HOUSING BY-CENSUS OF MONGOLIA: NATIONAL REPORT“. National Statistics Office of Mongolia. 20. 2. 2017. Архивирано од изворникот на 12. 03. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |archive-date=
(help)