Прејди на содржината

Голема Темна Дамка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Големата Темна Дамка видена од Војаџер 2

Големата Темна Дамка (позната и како ГДС-89 акроним од англиски за Големата Темна Дамка од 1989 година (Great Dark Spot, 1989))[1] била една од низата темни дамки на Нептун наизглед слични на Големата Црвена Дамка на Јупитер. Во 1989 година, ГДС-89 била првата Голема Темна Дамка на Нептун забележана од вселенската сонда Војаџер 2 на НАСА. Како и дамката на Јупитер, Големите Темни Дамки се антициклонски бури. Но, во внатрешноста речиси и да нема облаци, и за разлика од дамката на Јупитер, која постои стотици години, животниот век на дамките на Нептун се чини дека е пократок. Тие се формираат и се распаѓаат релативно често (за неколку години). Врз основа на набљудувањата направени од Војаџер 2 и потоа од вселенскиот телескоп Хабл, се чини дека на Нептун има Голема Темна Дамка исто онолку време колку и времето кога ја нема.

Темната елипсовидна дамка (со почетни димензии од 13.000 на 6.600 км) на ГДС-89 била приближно голема колку Земјата и наизглед била слична со Големата црвена дамка на Јупитер. Околу рабовите на бурата, биле измерени ветрови од 2100 километри на час, најбрз ветар забележан во Сончевиот Систем.[2][3] Се смета дека Големата Темна Дамка е дупка во метанскиот облак на Нептун. Дамката во различно време имала различна големина и форма.

Големата Темна Дамка создавала големи бели облаци врз или веднаш под слојот на тропопаузата,[4] слични на цирусните облаци кои ги има на висока надморска височина на Земјата . Но, за разлика од облаците на Земјата, кои се составени од кристали на воден мраз, цирусните облаци на Нептун се составени од кристали на замрзнат метан. И додека цирусните облаци обично се формираат и потоа се распрснуваат во период од неколку часа, облаците во Големата Темна Дамка траеле и по 36 часа, или две ротации на планетата.

Се смета дека темните дамки на Нептун се појавуваат во тропосферата на пониска висинска кота од посветлите бели облаци.[5] Затоа што се одликуваат со стабилност кои можат да опстојат и неколку месеци, се смета дека тие се структура на вител.[6]

Исчезнување

[уреди | уреди извор]
Темна точка на Нептун на дневна светлина (лево) и под сина светлина (десно) на фотографија од 2016 година.[7]

Кога требало повторно да се фотографира дамката во ноември 1994 година од вселенскиот телескоп Хабл, неа ја снемало, а астрономите верувале дека или била покриена или исчезнала. Опстојувањето на придружните облаци покажувало дека некои поранешни темни дамки може да продолжат да постојат како циклони, иако тие повеќе не се гледаат како темни дамки. Темните дамки може да исчезнат кога се придвижуваат преблиску до екваторот, или можеби поради некои други непознати фактори.[8]

Меѓутоа, во 2016 година, речиси идентична точка се појавила на северната полутопка на Нептун. Оваа нова точка, наречена Големата Темна Дамка (НГДС), може да се види веќе неколку години.[9][10] Не е познато дали оваа дамка е сè уште присутна на планетата, поради ограничувањата на набљудувањето со помош на телескопот Хабл.[11] Неодамна, во 2018 година, била забележана и проучувана понова поголема темна дамка и помала темна дамка.[12] Во август 2020 година, новата Голема Темна Дамка ненадејно престанала да се движи кон југ и ја сменила насоката, спротивно од проекциите дека бурата ќе продолжи кон екваторот, каде што веројатно би ја снемало. Скоро истовремено, била откриена помала „Темна Дамка Јуниор“ во близина на поголемата бура, за подоцна да исчезне. Ова ги навело астрономите да веруваат дека промената на движењето на бурата е можеби поврзано со создавањето на помалата бура.[13]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Hammel, H. B.; Lockwood, G. W.; Mills, J. R.; Barnet, C. D. (1995). „Hubble Space Telescope Imaging of Neptune's Cloud Structure in 1994“. Science. 268 (5218): 1740–1742. Bibcode:1995Sci...268.1740H. doi:10.1126/science.268.5218.1740. PMID 17834994.
  2. „What is the Great Dark Spot?“. Cool Cosmos. Caltech. Посетено на 20 May 2019.
  3. Suomi, V.E.; Limaye, S.S.; Johnson, D.R. (1991). „High Winds of Neptune: A possible mechanism“. Science. 251 (4996): 929–32. Bibcode:1991Sci...251..929S. doi:10.1126/science.251.4996.929. PMID 17847386.
  4. Stratman, P. W.; Showman, A. P.; Dowling, T. E.; Sromovsky, L. A. (2001). „EPIC Simulations of Bright Companions to Neptune's Great Dark Spots“ (PDF). Icarus. 151 (2): 275–285. Bibcode:1998Icar..132..239L. doi:10.1006/icar.1998.5918. Посетено на 2008-02-26.
  5. Gibbard, S. G.; de Pater, I.; Roe, H. G.; Martin, S.; Macintosh, B. A.; Max, C. E. (2003). „The altitude of Neptune cloud features from high-spatial-resolution near-infrared spectra“ (PDF). Icarus. 166 (2): 359–374. Bibcode:2003Icar..166..359G. doi:10.1016/j.icarus.2003.07.006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-20. Посетено на 2008-02-26.
  6. Max, C. E.; Macintosh, B. A.; Gibbard, S. G.; Gavel, D. T.; Roe, H. G.; de Pater, I.; Ghez, A. M.; Acton, D. S.; и др. (2003). „Cloud Structures on Neptune Observed with Keck Telescope Adaptive Optics“. The Astronomical Journal. 125 (1): 364–375. Bibcode:2003AJ....125..364M. doi:10.1086/344943.
  7. „Dark spot on Neptune“. Посетено на 28 June 2016.
  8. Sromovsky, L. A.; Fry, P. M.; Dowling, T. E.; Baines, K. H. (2000). „The unusual dynamics of new dark spots on Neptune“. Bulletin of the American Astronomical Society. 32: 1005. Bibcode:2000DPS....32.0903S.
  9. „Neptune“. SolarViews.com. Посетено на 2011-09-28.
  10. „Hubble Discovers New Dark Spot on Neptune“. newscenter. Посетено на 2016-02-04.
  11. „Dark Spots in Our Knowledge of Neptune“. nytimes. Посетено на 2016-02-04.
  12. Stirone, Shannon (22 December 2020). „Neptune's Weird Dark Spot Just Got Weirder - While observing the planet's large inky storm, astronomers spotted a smaller vortex they named Dark Spot Jr“. The New York Times. Посетено на 22 December 2020.
  13. Michael H. Wong; Amy Simon (15 December 2020). „Dark Storm on Neptune Reverses Direction, Possibly Shedding Fragment“. Hubblesite. Посетено на 25 December 2020.