Галатеја (месечина)
Галатеја гледана од „Војаџер 2“ | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Стивен Синот[1] и екипата за слики на „Војаџер“ |
Откриено | јули 1989 |
Ознаки | |
Наречена по | Галатеја |
Орбитални особености[2][3] | |
Епоха 18 август 1989 | |
61 952.57 км | |
Занесеност | 0,00022 ± 0,00008 |
0,42874431 ± 0,00000001 д | |
Наклон |
|
Месечина на | Нептун |
Физички особености | |
Димензии | 204×184×144 км (±~10 км)[4][5] |
Среден полупречник | 87,4 ± 4,9 км[3] |
Зафатнина | ~2,8×106км³ |
Маса | 2,12 ± 0,08 ×1018 кг[6] |
Средна густина | ~0,75 г/см³ (проц.)[7] |
~м/с2[а 1] | 0,018|
~0.056 км/с[а 2] | |
синхроно | |
нула | |
Албедо | 0,08[4][7] |
Температура | ~51 K (средна проц.) |
21,9[7] |
Галатеја (или Нептун VI) — четврта по близина внатрешна месечина на Нептун. Наречена е по Галатеја, една од Нереидите од старогрчката леганда во која напусто бил заљубен киклопот Полифем.
Откривање
[уреди | уреди извор]Месечината е откриена кон крајот на јули 1989 г. според сликите направени од сондата „Војаџер 2“ и ја добила привремената ознака S/1989 N 4.[8] Откритието е објавено на 2 август истата година, а трајното име го добила на 16 септември 1991 г.[9]
Физички својства
[уреди | уреди извор]Галатеја има неправилен облик и нема знаци на каква било геолошка изменетост. Веројатно е дека се работи за збировит отпад составен од парчиња од првобитните Нептунови месечини, кои се судриле поради растројувања од месечината Тритон наскоро по нејзиниот зфат во многу занесена првична орбита.[10]
Орбита
[уреди | уреди извор]Орбитата на Галатеја лежи под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, така што таа бавно се врти навнатре под дејство на плимно забавување, и со време може да се судри со планетата или да се распарчи во нов планетарен прстен откако ќе ја премине својата Рошова граница под дејство на плимно растегнување.
Галатеја е пастирска месечина за Адамсовиот прстен кој е 1.000 км вон својата орбита. Резонанциите со Галатеја се во сооднос 42:43 и се сметаат за најверојатниот механизам со кој се заробени уникатните лакови кои постојат во прстенот.[11] Нејзината маса е проценета врз основа на радијалните растројувања кои ги предизвикува во прстенот.[6]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Површинската гравитација изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: Gm/r2.
- ↑ Втората космичка брзина изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: √2Gm/r.
Бидејќи Галатеја има неправилен облик, вистинската површинска гравитација и втора космичка брзина значително се разликуваат од едно место до друго.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Planet Neptune Data http://www.princeton.edu/~willman/planetary_systems/Sol/Neptune/
- ↑ Jacobson, R. A.; Owen, W. M., Jr. (2004). „The orbits of the inner Neptunian satellites from Voyager, Earthbased, and Hubble Space Telescope observations“. Astronomical Journal. 128 (3): 1412–1417. Bibcode:2004AJ....128.1412J. doi:10.1086/423037.
- ↑ 3,0 3,1 Showalter, M. R.; de Pater, I.; Lissauer, J. J.; French, R. S. (2019). „The seventh inner moon of Neptune“ (PDF). Nature. 566 (7744): 350–353. Bibcode:2019Natur.566..350S. doi:10.1038/s41586-019-0909-9. PMC 6424524. PMID 30787452. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-02-22. Посетено на 2021-06-20.
- ↑ 4,0 4,1 Karkoschka, Erich (2003). „Sizes, shapes, and albedos of the inner satellites of Neptune“. Icarus. 162 (2): 400–407. Bibcode:2003Icar..162..400K. doi:10.1016/S0019-1035(03)00002-2.
- ↑ Williams, Dr. David R. (22 јануари 2008). „Neptunian Satellite Fact Sheet“. NASA (National Space Science Data Center). Посетено на 13 декември 2008.
- ↑ 6,0 6,1 Porco, C.C. (1991). „An Explanation for Neptune's Ring Arcs“. Science. 253 (5023): 995–1001. Bibcode:1991Sci...253..995P. doi:10.1126/science.253.5023.995. PMID 17775342. S2CID 742763.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 24 октомври 2008. Посетено на 13 декември 2008.
- ↑ Marsden, Brian G. (2 август 1989). „Satellites of Neptune“. IAU Circular. 4824. Посетено на 29 октомври 2011.
- ↑ Marsden, Brian G. (16 септември 1991). „Satellites of Saturn and Neptune“. IAU Circular. 5347. Посетено на 26 октомври 2011.
- ↑ Banfield, Don; Murray, Norm (октомври 1992). „A dynamical history of the inner Neptunian satellites“. Icarus. 99 (2): 390–401. Bibcode:1992Icar...99..390B. doi:10.1016/0019-1035(92)90155-Z.
- ↑ Namouni, F.; C. Porco (2002). „The confinement of Neptune's ring arcs by the moon Galatea“. Nature. 417 (6884): 45–7. Bibcode:2002Natur.417...45N. doi:10.1038/417045a. PMID 11986660. S2CID 4430322.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Галатеја (месечина) на Ризницата ?
- Профил на Галатеја Архивирано на 1 август 2007 г. — Истражување на сончевиот Систем (НАСА) (англиски)
- Познатите месечини на Нептун од Скот Шепард (англиски)
|
|
|